14.06.2026

Петрушевски: Слугувањето на Филипче на официјална Софија му се удира од глава, ја води СДС кон исчезнување и и штети на Македонија

Почитувани,

Венко Филипче и раководството на СДС заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, бидејќи само тонат за што има и податоци, решително се ставија на страната на официјална Софија.

Тие како и да не разбираат дека токму држењето на оваа страна и слугувањето на софиското раководство се причината за нивното тонење. 

Почитувани,

Дали е можно некој да е подготвен до тој степен да распродаде се свое, се македонско, дали  е можно некој безусловно да прифаќа диктати од официјална Софија за внесување на Бугари во Уставот, притоа знаејќи дека барањата не сопираат тука, односно дека истите удираат и по македонскиот идентитет, историја.

Да, можно е, и на тоа сведочиме секојдневно, го гледаме Филипче како слугува на официјална  Софија, кој се однесува како специјален претставник на бугарската политика во Македонија. Токму тоа го гледаме од човекот кој може да се нарече секако само не политичар кој се грижи за Македонија и граѓаните.

Полтронскиот однос на Филипче кон Бугарија му се удира секојдневно од глава.

За разлика од Филипче и раководството на СДС, ВМРО-ДПМНЕ јасно ја става сопствената држава Македонија пред се останато. Потоа јасно работи за доброто на секој еден граѓанин во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ јасно чекори кон исполнување на европските вредности, нивната секојдневна употреба.