15.06.2026

Ковачки: Македонија забрзува, наша обврска – на 17 јуни во Струмица заедно да го одбележиме 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ

Драги браќа и сестри, почитувани пријатели,

Како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ денес ја имам честа да ве известам дека во среда, 17 јуни, партијата одбележува 36 години. Тоа е ден кога ја одбележуваме историјата која неʼ обврзува и иднината која доаѓа. 

Точно пред 36 години се создаде идеја која беше, која е, и која ќе биде водилка која неʼ обединува сите нас, сите кои сме за Македонија која има сопствен пат и сопствена иднина.

Се почна во 1990 година на 17 јуни кога беше одржано Основачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје.

Во среда, 36 години подоцна ќе го одбележиме патот кој го минувавме заедно и ќе се потсетиме на сите предизвици на тој пат.

Факт е дека оттогаш до денес за Македонија и за граѓаните патот не беше лесен. Но, патот беше проткаен со единствена идеја – независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено. 

Почитувани пријатели, морам да напоменам дека во најтешките моменти народот, граѓаните ни ја даваа силата.

Сега сме фокусирани на иднината на Македонија и нејзините граѓани. Затоа одлучно работиме на подобар стандард на граѓаните, на развиена економија, на отворена соработка, одлучно работиме за подобра Македонија која достоинствено чекори кон ЕУ.

Пораката “Македонија забрзува. Наша обврска”, ја нагласува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да изградиме просперитетна Македонија.

На 17 јуни во Струмица на големиот народен собир кој почнува во 20 часот на стадионот Младост, добредојдени сте сите членови, симпатизери, поддржувачи, сите граѓани кои верувате во напредокот на Македонија.

И ова е момент кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе и подобро и дека најдобриот период за Македонија допрва доаѓа.

Се гледаме во Струмица во 20 часот!