Почитувани,
Паниката и хистеријата која ја шират Венко Филипче и талогот од СДС очигледно се резултат на состојбата во која е оваа опозициска партија.
Дополнително, во целата оваа ситуација е и тоа што Филипче не може реално да расудува.
На Филипче ништо не му чини, ниту еден проект, не сака да види било каков напредок во државата, не се согласува со ниту една идеја која има за цел подобрување на состојбата во државата и стандардот на граѓаните.
На Филипче ВМРО-ДПМНЕ му е виновно за се, дури и за случувањата во неговата партијата.
Ако на Филипче му е единствен начин на делување хистеријата што ја шири, ако се определил само за критика и напад кон се и сешто, дури и кон некогашни сопартијци, членови и носители во минатото на функции, тогаш навистина е на лош пат.
ВМРО-ДПМНЕ како партија која сега ја предводи Владата може само да продолжи со грижа за граѓаните, а Филипче добронамерно го советуваме – очајот и нападите да ги остави на страна. На Македонија и треба силна опозиција, а не како што е сега СДС, партија на која ВМРО-ДПМНЕ и е виновна за се.










