Драги центарци,
Скоро три милиони денари на тендери за реклами и односи со јавноста.
Толку ќе ги чини центарци промоцијата на Горан „бетон“ Герасимовски за нов потпретседател на СДС.
По скоро цела деценија власт, во очи на загарантирана политичка пензија по следните локални избори, кадрите на Венко и Заев со сите сили се обидуваат да се задржат на власт во Центар и тоа со парите на народот. Со парите на центарци.
Околу 350 илјади денари се предвидуваат за Јавното паркинг претпријатие да прослави 20 години постоење и кетеринг за да угости 150 гости за роденденот. Очигледно на Герасимовски поважно му е да слави родендени на ПОЦ, наместо да ги пополни стотиците дупки по улиците во Центар, да ги поправи откорнатите пречки за успорување на сообраќајот, да ги префарба избледените ленти за пешачките премини кај училиштата и градинките, како и ред други недостатоци, каде би било поголем приоритет да се потрошат овие пари.
За јубилејот се предвидуваат уште околу 830 илјади денари за аудио и видео продукција, како и дополнителни над 600 илјади денари од Буџетот на центарци, кои ќе бидат потрошени за продукција на имиџ, јубилејно и промотивно видео.
Тендерот оди кај компаниите „БИА Маркетинг Зони“ Скопје и „Слобода Филм“. Важно е граѓаните да знаат дека Општина Центар веќе некое време ја финансира компанијата „Слобода Филм“ и преку грантови за културата. Па така, лани во 2025 тие од џебот на центарци успеале да извлечат фрапантни 550 илјади денари. Односно најмногу пари од конкурсот, каде најголем дел од останатите добитници добиле помалку од 100 илјади денари. Додека пак годинава, истата компанија добила дури 350 илјади денари од општина Центар. Овие податоци фрлаат сериозен сомнеж за лично и партиско-политички врски и спреги помеѓу Горан „бетон“ Герасимовски и компанијата „Слобода Филм“.
Почитувани,
СДС и Герасимовски мора веднаш да одговорат, што ќе снимаат овие компании? Дали ќе ги документираат успешните проекти кој никој не ги видел, дали ќе снимаат инвестиции во инфраструктурата на Општина Центар, која исто така никој не ја видел, бидејќи ништо од ова не постои.
Дали ќе се снима како граѓаните на Општина Центар плаќаат високи давачки за паркинг пред сопствените живеалишта?
Или можеби ќе се документира како кадрите на Венко и Заев за 9 години не успеаа да мрднат со мал прст и крајно недомаќински управуваа со општинските пари?
Горан „бетон“ Герсимовски и СДС мора да одговорат дали се обидуваат да крадат од парите на центарци за да ја финансираат партијата, а со тоа да ја одолговлечат општината во сопствената, неминовна пропаст?










