Почитувани,
За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС.
Судството под команда на СДС и ДУИ, даде вкупно 3 години затвор, за 14 живи изгорени луѓе во модуларната во Тетово. По 1,5 година за двајца директори на Тетовската болница, а Венко Филипче не беше повикан ниту на информативен разговор.
За губење на човечки животи казни како за прекршок, а за кубење коса се добива и до 4 години затвор. Апсурд кој постои само во судството под диктат на СДС и ДУИ.
Судиите со 2% доверба ја оправдуваат својата послушност кон СДС и ДУИ, а криминалците се шетаат слободни. Народот останува без правда.
Во нормална држава, Филипче одамна ќе беше зад решетки. Кај нас, тој сега води партија и ветува подобар живот за сите, а претходно за жал, 14 животи скрати, поради 20% анекс на договор.
Ова е судството на СДС. Одгворност за нивни членови, нема. Време е за вистински реформи и одговорност!