Почитувани,
Гостивар заслужува чисти улици, уредни јавни простори, сигурна вода и безбедни улици за сите. Градот има предизвици со сметот, канализацијата и кучиња на улиците. Но, секој предизвик има и решение, а ние имаме план и програма како да го решиме.
Еден од тие проблеми е водата за пиење, со којшто мора да биде сигурна и чиста, а секоја населба да има соодветна канализациона инфраструктурна мрежа.
Наша заложба како советници ќе биде одржување на чистотата и хигиената во градот. Затоа што нашите граѓани тоа и го заслужуваат.
Како иден советник во општината, лично ќе се залагам за воспоставување на системско решение за хуман третман, намалување на бројот на кучиња на улиците.
Почитувани сограѓани,
Изминатата година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа како централната власт помага на локалната. Гостивар не беше заборавен. Без разлика на партиска, етничка или пак национална припадност, оваа Влада работи за секој еден од нас.
Приоритетите за кои ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе се залагаме да ги реализираме ги претставивме. Ние имаме план и програма како да ги решиме, во соработка со централната власт, сакаме да направиме многу. Затоа и ја бараме вашата поддршка. Продолжуваме да се бориме за почист град, за безбедни улици, за сигурна вода, модерна инфраструктура и повеќе простор за сите.
Гостивар заслужува. Затоа ве повикувам да го направиме вистинскиот избор, за твоето место, за твојата иднина!