31.07.2025

Бојковска со прашање до премиерот за тоа дали и во наредниот период ќе продолжи финансиската поддршка за општините, како оние два повици од Владата

Драгана Бојковска, пратеничка  од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од собраниската говорница на денешната 61 седница во Собранието посветена за пратенички прашања. Бојковска се осврна на темите за економската состојба во земјава, енергетиката и финансиската поддршка од Владата за локалните самоуправи од вториот повик. Сите три прашања од страна на пратеничката беа поставени до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

,,Моето прво прашање се однесува на макроекономија. Како ја оценувате вие економската состојба и економските движења во нашата држава и дали и какви параметри имаме како држава за првата половина од оваа година и кои економски резултати можеме да ги очекуваме на 2025 година? Ценам дека јавноста треба да е запознаена за тоа во каква насока во наредниот период во оваа година ќе се движиме“, истакна Бојковска.

Бојковска го постави своето второ пратеничко прашање до претседателот на Владата, во областа на енергетиката, што според неа, стабилноста на државата се одредува според стабилноста на енергетскиот систем во истата, а ја потенцираше и важноста на новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

,,Моето второ прашање се однесува на енергетиката. Дали и каков бенефит значат овие инвестиции за Македонија, особено последната за изградба на когенеративните централи. Кои се наредните чекори во сегментот на енергетика кои ќе ги презема македонската Влада и дали тоа значи повеќе бенефиции за македонските граѓани и за македонското стопанство?“, праша Бојковска.

 Третото прашање на пратеничката Бојковска се однесуваше на капиталните инвестиции, а ги потенцираше и 828 потпишани проекти за финансиска поддршка на општините преку вториот повик на Владата.

,,Што во рамки на овие проекти, во рамки на сите општини коишто ги имаме во Република Македонија? Што тоа значи конкретно за граѓаните и за локалниот развој. Можете ли конкретно овие 828 проекти за општините да ни споделите подетални информации за тоа за каков вид на проекти станува збор и кои ќе се подржат со вториот повик на Владата. Јавноста ја интересира во овој контекст дали Владата и во наредниот период ќе дава финансиска поддршка за единиците на локалната самоуправа и со исти вакви проекти од контекст на финансиска поддршка за општините ќе продолжи и во иднина?“, заклучи Бојковска.