На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, кој бараше по скратена постапка да се стави на дневен ред Предлог законот за изменување на Законот за здравствено осигурување, со што би се овозможило директна управна судска контрола на првостепените акти на Фондот за здравствено осигурување.
„Како дополнување на дневниот ред барам да се стави Предлог закон за изменување на Законот за здравствено осигурување, со ова Предлог законско решение се предвидува директна управна судска контрола на првостепените акти на Фондот за здравствено осигурување и на овој начин ќе се овозможи Фондот да биде тужен орган во управно судска постапка, осигурениците во својство на тужители во контрадикторна судска постапка да ги остваруваат своите права“, рече Марков и додаде:
„Ова е особено значајно затоа што во судската постапка можат да се изведуваат вештачења како доказни средства, што не е случај во второстепената управна постапка и на тој начин одлучувањата за правата на осигурениците ќе биде на брз и ефикасен начин со правосилни и извршни судски одлуки. Дополнително во Предлог законското решение е предвидено одлуката по управниот спор да се донесе во рок од 30 дена што не е случај за управно судските постапки за другите области “, вели Марков.








