Денеска сме во Крњево, каде што буквално никнува нов град. Се градат нови станбени објекти, се зголемува бројот на жители, но каде се училиштата, каде се спортските терени, каде е инфраструктурата што треба да го следи овој развој? Каде ќе учат децата кои ќе растат во овие нови населби и каде ќе спортуваат? Наместо планиран урбан развој, граѓаните добиваат нови згради без соодветни содржини и услови за квалитетен живот.
И самиот Бетон Герасимовски во своите неодамнешни јавни настапи зборува за проблемите со капацитетите на градинките. Па како да нема проблем кога со години се дозволува интензивно градење, а јавната инфраструктура не го следи растот на населението? Кој ќе преземе одговорност за сето ова?
И додека Скопје се соочува со вакви проблеми, Горан Бетон Герасимовски и неговиот политички ментор Венко Филипче држат прес-конференции и се занимаваат со состојби во други држави. Го однел ли Герасимовски Филипче во Крњево да му покаже како изгледа новиот град што никнува без соодветни услови за живот? Или полесно е да се гледа во туѓиот двор отколку да се погледне во сопствениот?
Граѓаните на Центар не бараат политички прес-конференции за туѓи проблеми. Бараат решенија за сопствените. Прво нека си го средат сопствениот двор, нека се погрижат за општината за која добиле мандат и за луѓето што живеат тука. Локалната самоуправа постои за да им служи на граѓаните!








