19.10.2022

Станковиќ: Иницијативата за помагање на ЈСП доаѓа од коалицијата „За обнова на Македонија“, градоначалничката не го направи тоа, таа се испокара со сите и како најодговорна бега од одговорност

Како што може да види и јавноста ЈСП се наоѓа во очајна состојба и не може да ги исполнува обврските како давање на плати на своите вработени и затоа дојдовме до која вработените штрајкуваат, бидејќи си ги бараат платите за кои сработиле, изјави Малиша Станковиќ советник во град Скопје од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека ЈСП памти подобри времиња од минатото, како кога градоначалник беше Коце Трајановски кога се изврши модернизација, и кога владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го помагаше ЈСП.

– Се сеќавате на купувањето на автобуси, граѓаните на Скопје најпосле во 21 век добија можност да користат нови автобуси и климатизиран јавен превоз. Паметиме времиња кога имаше одговорна влада која се грижеше за ЈСП, и која му донираше автобуси, кои ја зголемија функционалноста, а сега со ваква влада која е доведена во ситуација дали му должи пари. По сите информации кои ги добиваме се работи за долг кој го има владата кон ЈСП. За жал дојдовме сега до градоначалник кој за една година го доведува под знак прашалник функционирањето на ЈСП. Зошто е дојдено до ваква состојба треба да даде одговор Арсовска, рече тој.

Станковиќ прашува нели градоначалничката јавно говореше дека ќе стави стручни луѓе, одговорни компетентни, и како тоа тие луѓе кои сама ги постави, односно директорот кој сама го постави и избра, дозна пред два дена дека ЈСП е во очајна состојба и не може да функционира.

– На минатата седница имавме три одлуки на ЈСП, измена на статут, одлука за рекламен простор и за нови примања во 2023 и градоначалничката се налути оти не сме гласале за нови примања и како таа пред 20 дена размислуваше за дополнителни примања, а не може да ги исплати овие вработени кои ги има?  Толку несериозно работење на еден градоначалник досега немаме видено, истакна Станковиќ.

Тој посочи дека ако сака да биде сериозен градоначалник, мора да преземе одговорност, како тоа сите се криви само таа не, а градоначалникот на градот е директно најодговорен за функционирањето на ЈСП.

– Градоначалничката успеа за година дена се испокара со сите.  Повторно за иницијативата за помагање на ЈСП доаѓа од коалицијата „За обнова на Македонија, зошто градоначалничката не го побара тоа, зошто тоа изостанува од најодговорниот човек. Треба да се каже колкава е финансиската дупка, слушаме само паушални обвинувања, но ајде да видиме колку и кој должи, нагласи Станковиќ.