19.10.2022

Галески до Арсовска: Во отсуство на аргументи, навредувате, тоа е одлика на слаби и исплашени луѓе, ќе прозборете ли кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП?

Арсовска, отсуството на аргументи значат навреди. Навредите ги даваат слаби и испалшени луѓе и тоа треба да го знаете, и порача Луке Галески советникот во Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница.

Галески и посочи на Арсовска дека покрај опсесијата со “медот“ опседната е и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, укажувајќи и дека доколку има нешто спорно со фотографиите кои што ги мафта, требало да разговара со лица со власта со кои држи тајни средби.

Вашата опсесија изгледа освен медот е и Мицкоски, а за тоа треба вие да си водите сметка. Ако имало нешто спорно во однос на оние фотографии кои што ги објавувате, градоначалник сте година дена и сте требале нешто да преземате, или да зборите за нив на тајните средби кои што ги имате со луѓето од власта, рече Галески.

Галески ја праша Арсовска дали ќе може да каже пред јавноста кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП, како и дека ништо не кажала во однос на решението за проблемот во ЈСП, каде што поради нејзината неспособност над 1000 семејства ќе останат без приходи.

Кога сме кај медот, кој ќе ги набавува резервните делови во ЈСП, ќе прозборете ли за тоа, праша Галески.

И сосема на крај, не кажавте ниту збор за 1000 семејства кои остануваа без приходи поради вашето неспособно владеење, и порача Галески на Арсовска.

Со почит,