30.06.2025

Бојковска: Загрижувачки е тоа што Славјанка Петровска уште стои на ставот и покрај добиената пресуда за ширење на лажни наводи и клевети кон претседателот Мицкоски

„Мислев дека после онаа пресуда која ја видовме во јавноста, дека во најмала рака ќе добиевме извинување од пратеничката бидејќи во самиот статус кој е пишан укажува на сериозни индиции на тоа дека премиерот сегашен е вклучен во организирање на некакво си препукување, мафијашка организација, тоа се сериозни индиции и јас исто така би сакала да прашам дали пратеничката сè уште стои на истиот став? Видов дел од коментарите на самата објава и во јавноста коментар зошто рочиштето завршило во едно рочиште. Ние и двете сме правнички па знаеме дека обично доколку нема докази истото може да заврши во едно рочиште“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Бојковска продолжи и истакна дека ја загрижува тоа што пратеничката Славјанка Петровска уште стои на ставот.

„Но, она кое мене ме загрижува е тоа што пратеничката стои на ставот очигледно, бидејќи кажа дека ќе настапи со жалба и тоа укажува на ставот дека стои на она што беше кажано во јавноста и дека стои зад вистинитоста за она кое го зборува. Па јас би сакала директно да ве прашам дали сè уште стоите зад она кое го кажавте во јавност и дека оние наводи кои ги кажавте се вистинити?“, вели Бојковска.

Бојковска потенцираше дека очигледно можеби има злоупотреба на некакви информации за кои тврди пратеничката дека се вистинити.

„Искажуваме сериозна загриженост и жалење бидејќи ова го кажува поранешен министер за одбрана и навистина е загрижувачки. Јас да сум на местото на Јавниот обвинител може да би ја викнела пратеничката на разговор бидејќи е личност која има информации до военото разузнавање и информации кои се доверливи и сега гледаме дека може истапува и во јавноста со некакви докази кои тврди дека се вистинити по пресудата која ја добивме и се работи за лажни наводи и ширење на клевети“, заклучи Бојковска.