07.10.2026

Петрушевски: Македонија е лидер во регионот според реализацијата на Реформската агенда

„Не смее да се заборави дека оваа Влада вети пет илјади денари линеарно зголемување на пензиите, испорача седум илјади. Сè уште треба да се работи, меѓутоа е многу подобро од она кое било претходно и биле зголемувани пензиите од 300,400 или 500 денари“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,  Бране Петрушевски, во „Претрес со Ландов“.

Тој посочи дека веќе се испорачани средства за општините, за што кажа дека беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.

„250 милиони евра по година кон општините, за две години веќе се испорачани 500 милиони евра по општините. Веќе ги подготвуваат проектите за следниот повик на Владата и ќе имаме уште пари за реализација на уште локални проекти, со коишто верувам ќе подобриме живот на многу голем број на граѓани“, истакна Петрушевски и додаде:

„Лидери сме во Реформската агенда, од сите земји во регионот и имаме најмногу средства коишто се испорачуваат, по однос на реформите што сме ги спровеле. И инфраструктурата, шест автопати коишто се градат во моментот и многу други патишта има“.