08.10.2026

Стојаноски: За законот за забрана на пушење треба да најдеме компромис

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во емисијата „360 степени“, говореше на темата за Законот за забрана на пушење, за што кажа дека власта е внимателна околу рестрикциите. Според него, треба да се најде компромис, каде сите засегнати страни ќе бидат задоволени.

„Се чека дополнителна експертско правно мислење за толкувањата на нивните амандмани. Најголем дел од оние коишто треба да одлучат во комисиските филтри во Собранието, односно пратениците коишто се дел од Комисијата за здравство, се медицински здравствени работници коишто немаат особено истакната експертиза во правото, побараа дополнително мислење. Веднаш штом тие мислења ќе ги собереме ќе продолжиме со дискусијата за овој закон“, рече Стојаноски.

Тој рече дека треба да се најде компромис којшто сите страни кои се засегнати ќе бидат задоволени, како што вели смета дека идејата на предлог законското решение е добра, а тој ќе ја поддржи.

„Ако видиме дека некој дополнително изразува одредено размислување коешто може да го подобри законскиот тек, зошто да не го вметнеме и тоа. Како почитување на уставните права, за секој пратеник за којшто би сакал во иднина да бидат се почести. Ние сме тука да претставуваме размислувања на различен дел од контигентот на нашите гласачи. Вредно е да се седне да се разговара со овие луѓе, па и да се постигне компромис“, вели Стојаноски.