14.09.2026

Нови детски игралишта, улична инфраструктура и патишта за подобар живот во Ранковце

За  една година во Ранковце се започнаа и реализираа низа значајни проекти за подобар живот на граѓаните.

Во првата година се обезбеди зголемување на платите за сите вработени во Општина Ранковце и ТППЕ за 4.000 денари.

Се инвестира во патишта и улична инфраструктура во Опила, Гиновце, Псача, Петралица и Одрено.

Се подобри уличното осветлување во населените места.

За потребите на ТППЕ набавена е противпожарна опрема и друга механизација, во вредност од околу 200.000 денари.

За потребите на ЈКП и Општината набавен е комунален мулчер, во вредност од  околу 105.000 денари.

Обезбедени се и околу 730.000 денари за набавка на мешан и дробен камен за тампонирање и подобрување на уличната мрежа.

Во тек е и реализација на ИПА-проект за прекугранична соработка со Република Бугарија, во вредност од околу 116.000 евра.

Дополнително, обезбеден е и ИПА-проект со Република Косово, во вредност од околу 180.000 евра, за регулација на коритото на Голем Дол.

Општина Ранковце продолжува да инвестира и да го подобрува животот на граѓаните.