14.09.2026

Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата и ги штитат криминалците

Последните одлуки на правосудните органи се  јасен доказ дека политичките инсталации во правосудството на СДС и ДУИ се уште работат.

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, од Заев и Ахмети се уште работат во интерес на оние кои ги поставиле и ја нарушуваат довербата на граѓаните во правосудството.

Во случајот „Ласкарци“ загинаа 16 граѓани. Во трагедијата со модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

Десетици семејства останаа без своите најблиски. А граѓаните денес гледаат правосуден систем од кој очекуваат одговорност, но наместо тоа добиваат одлуки што дополнително ја рушат довербата во институциите.

Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците.

Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

На Македонија не и треба судство кое ќе ги штити СДС и ДУИ. Владеење на правото и правдата во Македонија мора да има.