03.09.2025

СДС да не ги штити тие кои незаконски следеле и ги злоупотребувале институциите, ЈО да отвори сеопфатна истрага 

СДС со години ги злоупотребувале институциите и следеле луѓе само за да останат ден повеќе на власт.

СДС ги злоупотребувала службите во корист на Заев, Филипче и врхушката од СДС.

За документи од примена на мерки за следење на комуникации, АНБ е создавач само на предлог мерка. Наредбите се документ чиј создавач е Врховен суд, декласификација врши само создавачот.

Сите документи од предлог, барање, наредби се поврзани и АНБ сама не одлучува. Во државата постојат институции кои треба постапат по овој случај, според процедура. 

СДС бледо се обидува да ги заштити тие кои незаконски следеле и злоупотребувале.

Ова е скандал од невидени размери и неопходно е ЈО  да  отвори истрага која ќе ги опфати сите кои ги злоупотребувале институциите.