Почитувани медиуми,
Почитувани граѓани на општина Градско,
Со гордост Ви го претставувам отчетот за транспарентното работење на Општина Градско, каде во овие изминати четири години, заедно со тимот реализиравме низа проекти и активности кои имаа за цел да ги подобрат условите за живот на сите наши граѓани.
Во продолжение на ова мое излагање ќе ги набројам најважните реализирани проекти од сите области за време на четири годишниот период. Воведовме:
-Бесплатна градинка за 60 деца кои што се згрижени во детската градинка
-Бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение
-Стипендирање на талентирани ученици и студенти ( основец, средношколец, студент)
-Еднократна помош за секое новороденче во општина Градско по 10.000,00 денари
Во Градско за период од 4 години беа изведени:
-Реконструкција на дел од улица 8 ми Септември, дел 4 во должина од 280 метри и дел 2 во должина од 640 метри
-Се модернизираше централно подрачје со нова урбана опрема
-Хортикултурно се уреди и реконструираше детскиот парк
-Се набави нов комбиниран багер (ровокопач-натоварувач) за одржување на комуналната инфраструктура
-Се подобри водоснабдување со два нови цевководи
-Се постави модерна тартан подлога, се огради училишното игралиште и беа поставени нови кошеви и фудбалски стативи
-Се реконструираше дел од улица „Илинденска“ со атмосферска канализација (фаза 3 и 4)
-Се реконструираше улица „Јане Сандански“ во населба Стопанство со сите нејзини три крака
-Се реконструираше улица „Обиколница“
-Се изврши реконструкција на улица „Панко Брашнаров“ и крак од неа
-Се реконструираше дел од улица „Панко Брашнаров“ и дел од улица „Борис Трајковски“
-Се реконструираше кошаркарско игралиште во Градско со поставување на модерна тартан подлога
-Се уреди просторот за детско игралиште во населба Стопанство
-Се изврши реконструкција на училишното детско игралиште со поставување на нови детски реквизити, урбана опрема и нова подлога во Градско
-Се набави опрема за контрола на нивото на водата во системот за водоснабдување во Градско на релација пумпа-резервоар
-Секоја година за добар почеток на нашите најмили, се врши набавка на ранци со училишен прибор за секое прваче
-Се набавија 30 креветчиња со душеци и постелнини во детската градинка „Кокичиња“ и се изврши набавка и монтажа на парно со комбиниран котел во истата
Во населеното место Виничани во континуитет се изведуваа инвестициски активности:
– Се реконструираше локалниот пат до селото
– Партерно се уредија двете селски чешми
– Се постави модерна тартан подлога на спортското игралиште
– Се уреди училишниот двор
– Се асфалтираа улица бр.4 , крак 11, крак 12 и крак 13
– Се постави ново улично осветлување на локален пат до селото
Во Ногаевци се работеше на:
– Изградба на улици во село Ногаевци во должина од 800 метри
– Се постави тартан подлога на спортското игралиште
– Се уреди училишниот двор
Во Водоврати исто така имаше неколку градежни зафати:
-Се изгради улицата во должина од 240 метри
-Се асфалтираше улица во должина од 220 метри
-Се постави тартан подлога на спортско игралиште
Во Долно Градско
– Се поплочи улицата и се уреди пред црквата Св.Ѓоргија, и за радост на најмалите се изгради ново детско игралиште
Во Долно и Горно Чичево се
– Се асфалтираше локалениот пат Долно Чичево – Манастир „Св. Архангел Михаил“ и се реконструираше дел од локален пат до с.Долно Чичево
Во Уланци се постави ново училно осветлување од мостот на реката Вардар до селото и се реконструираше улица со поставување на бекатон плочки во должина од 220 метри.
Задолжително да ги споменам и тековните проекти кои се од круцијално значење за граѓаните од нашата општина:
– Проширување и доградба на ООУ „Даме Груев“ Градско со нов образовен објект;
– Реконструкција на дел 1 и дел 3 од улица 8 Септември со вкупна должина од 580 метри;
– Подобрување на водоснабдување со питка вода во населба Градско со два нови цевководи (фаза 2);
– Реконструкција на крак од улица во село Ногаевци и Реконструкција на крак 14 во село Виничани;
– Реконструкција на крак 7 во с.Виничани во должина од 194 метри;
– Изработка на техничка документација за изолација на фасади и кровови на сите објекти во ООУ„Даме Груев“ Градско;
– Изградба на детско игралиште во населено место Кочилари;
– Набавка на специјален камион-цистерна за одзатнување на шахти, перење на улици и противпожарно возило;
– Реконструкција на детско игралиште во населено место Ногаевци.
Ја промовиравме општината преку организирање на културни и спортски манифестации за сите вкусови. Секоја година се одржува:
-Фолклоријадата
-Се обележува Патронот на општината, Павловден, со манифестацијата Градско, храна, вино и традиција
– Се одржуваат фолклорните средби со збратимени општини со Брежнички Хум од Хрватска, Ноздрец од Полска, Конак од Турција и Лебане од Србија;
– За прв пат започнавме со организација на Кошаркарски турнир 3х3.
Исто така општината обезбедува и бесплатни екскурзии за пензионерите, организација на жени, децата бегалци од Егејска Македонија и крводарители и организира превоз за земјоделци на саеми и за присуство на фудбалски натпревари.
Редовно се обележува и се дава поддршка на светскиот ден на лицата со попреченост и организирање на новогодишна забава за нив, како и грижа за најранливите категории на граѓани преку обезбедување на прехранбени пакети со основни продукти и новогодишни пакетчиња.
Со јасна визија за иднината, општината ќе продолжи одговорно, транспарентно, и во интерес на сите жители, насочувајќи ги ресурсите кон одржлив развој, економски раст и подобрување на квалитетот на живот.
Јас сум тука за вас и ветувам Градско да биде добро место за живеење, посакувана дестинација за посета, бидејќи само заедно може да создадеме подобра и посилна заедница.
Благодарам!










