Доколку Филипче и СДС беа сериозни во намерите, уште првиот ден ќе поднесеа предлог-закони во собранието поврзани со нафтата, а не 5 дена да најавуваат и да свикуваат прес-конференции, небаре промовираат концерт на Харис Џиновиќ.
СДС бара минус 4 денари да се намали акцизата, а тие истите во самите закони напишале дека цената на акцизата може да се намали за 4 денари доколку прво имаме кризни и вонредни состојби и доколку цената на нафта по тон, значи не по барел, по тон е повеќе од 1200 долари. Во овој момент се уште цената не е таква. Во законите точно се си има пропишано, ги следиме и ќе одговориме соодветно, согласно тоа како ќе движи цената на нафта.
Македонија има едни од најевтините горива во регионот и Европа, а дополнително цените се намалија за 2 денари поради заложбите на Владата со компаниите.
Само за потсетување, СДС со Заев и Филипче, три пати ја зголемија акцизата на нафтата кога беа на власт. И со тоа зголемување на цените, не вложуваа во капитални инвестиции, туку инвестираа во нивните џебови.








