Безидејните политики на СДС се очигледни. Денешното соопштение им е полно со лаги и манипулации.
Субвенциите кон земјоделците се исплаќаат редовно, од почетокот на оваа година се исплатени 1.812.692.496 денари.
Согласно последните податоци од Платежната агенција над 80% од зелената нафта земјоделците ја искористиле.
Според податоците на ДЗС за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст, достигна 416,7 милиони евра, зголемување од околу 85 милиони евра во споредба со 2024 година.
Откупот на зелката се одвива непречено без проблеми, откупот се движи од 50 денари за килограм.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажува дека компромис со криминал нема, секој којшто ќе се огреши пред законот ќе одговара.
Борбата со корупција продолжува на дело, а не како СДС што ја прикриваше.








