04.12.2022

Стојкоски: Буџетот за 2023 го носиме заедно со граѓаните, со нивна поддршка ќе донесеме реални и рационални одлуки за развојот на Ѓорче Петров

🪙 Креираме граѓански буџет за 2023 година! 🧑👩 Овие два дена од викендот заедно со моите сограѓани дискутиравме за буџетската каса за следната година која ќе ги опфати и нивните предлози и сугестии. 🤝 Граѓаните имаа одлични идеи за подобрување на инфраструктурата, образованието, културата, спортот… 📗🖋За буџетот ќе дискутираме и следниот викенд во општинските простории од 11 до 14 часот. Ве поканувам да бидете дел од неговата подготовка и донесување. ✅️ Општинскиот буџет и програмите за работа на секторите се на дневен ред на следната седница на Совет. Како и секогаш, седницата ќе биде отворена и јавно објавена.📢 Продолжуваме и натаму да делуваме само транспатентно и отчетно и во интерес на граѓаните.❗️Само со Ваша поддршка ќе донесеме рационални и вистински одлуки за развој на Ѓорче Петров.🔴 Budzet.mk Твоите предлози во општинскиот буџет.

https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr/posts/pfbid02qecegYmo79NFYdnEAyMeJZwSUXfzNNazFWcmiG8Pkm6RCThpPNaSuxTY7aXMj31l