И денеска остварив средба со голем број на жители, кои во рамките на проектот „Отворен ден во твојата Општина“ ги даваа нивните идеи и предлози кои треба да бидат дел на идниот буџет и развојните планови на Општина Илинден.
Наша цел е да овозможиме што е можно поголемо учество на граѓаните во работата на општината и нејзините институции, пред се преку учество во креирањето на приоритетите на општината.
Како и досега, Општина Илинден останува транспарентна и отворена за граѓаните, каде наша цел е заедно да ја претвориме нашата општина во модерно и урбано место за живеење.
#отворенденвотвојатаопштина#бидиделодпроменитештоносатиднина