30.04.2023

Стојаноска: Жителите во околината на Опшина Долнени се запоставени и револтирани од власта, сакаат што побрзо на избори да им ја испорачаат казната

Вториот ден од започнатата теренска агенда на ВМРО-ДПМНЕ од акцијата „Ова е Македонија , Македонија за сите“, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, предводејќи го нејзиниот тим, денес го заврши со посета на три села во Општина Долнени и тоа на Лажани, Браилово и Пешталево.

Стојаноска посочи дека со завршната средба може само еден заеднички заклучок да пренесе, дека генерално жителите на овие села, односно жителите на Општина Долнени се многу незадоволни од негрижата како на централната, така и на локалната власт во овие населени места.

Истакна дека жителите буквално се оставени сами на себе и незадоволни се од многу работи од централната власт, тие се занимаваат со земјоделие, претежно со тутунопоизводство и имаат сериозни проблеми кака што е исплата, меѓу другото, и на субвенциите.

„Генерално тие се занимаваат со земјоделие, имаат проблем со тутунопроизводството, со исплатата, со она што им е навистина неопходно и знаат да направат споредба како било во времето кога владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, а како е изминативе шест години. Ниту пак веруваат во бајките на Артан Груби за коридорот 8 или во басните на Фатмир Бесими за тоа дека економијата ќе напредува. Многу добро знаат колку им стигаат нивните финансии, така да не веруваат во ниту една лага на актуелната власт и се подготвени час поскоро да се случат парламентарни избори и да го кажат нивниот одговор и казна која што ќе им следи токму со нивната испотена и вредна рака за која што самите се грижат, а од државата апсолутно ништо немаат добиено“, рече Стојаноска.

Додаде дека револтот кај овие наши сограѓани е голем и сакаат што побрзо, одговорот на нивниот револт  да го пренесат на следните избори каде што ќе ја казнат оваа неодговорна и криминална актуелна власт.