30.04.2023

Петрушевски: Власта создаде супстандардни услови за живот во Македонија, луѓето се иселуваат, заедно со народот ќе ги поразиме, да ја вратиме надежта и да направиме економска преродба

Тим предводен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ беше во посета на општина Старо Нагоричане каде со граѓаните разговараше за проблемите. Граѓаните се жалат дека се заборавени, затоа е потребна промена на власта за да се врати надежта во Македонија. 

За ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема мали населени места, нема неважни населени места и нема места кои нема да ги посетиме во акцијата.  Денеска заедно со целиот тим бевме во посета на Старо Нагоричане. Го посетивме населеното место Алгуња кадешто жител на тоа месот кој сака да остане тука да живее, се пожали дека условите за живеење се катастрофални. Се чувствуваат заборавени од власта, сака да инвестира, сака да добие државно земјоделско земјиште кое го има во изобилиое но поради сетоа бирократија тоа е неможно.

Во Никуљане, Петрушевски истакна дека училиштето кое е во девастирачка состојба и  таквите лоши услови ги тераат граѓантие да се иселуваат. 

– Ваквите супстандардни услови ги одвраќаат граѓаните и се почесто се иселуваат. Македонија е секој еден граѓанин и мора заеднички да ја поразиме оваа однародена власт предводена од ДУИ, а поддржана од СДС за да можеме заедно со народот да ја вратиме надежта и да направиме економска преродба на Македонија, нагласи Петрушевски.