Во недостаток на идеи, СДС денес се фати за целосно нерелевантни теми.
Очекуваме сѐ од оваа забегана криминална клика на чело со Филипче, но дека ќе критикуваат потези на транспарентност и отвореност, не верувавме.
Наместо да се соочат со сопствените корупциски скандали и злоупотреби, тие се обидуваат да го одвлечат вниманието на јавноста со неосновани обвинувања.
СДС мисли дека грубите злоупотреби и криминалната спрега со креаторите на „лажните вести“ на социјалните медиуми, кога тие трошеа повеќе од 20 илјади евра на ден за спонзорирани лаги, ќе бидат заборавени. Но тоа време е минато. Граѓаните знаат кој ги труеше со лажни вести, а кој работи отворено и отчетно.
Инаку, да разјасниме – Мицкоски не дава денар за такви работи. А СДС, сè додека не сфати дека мора да излезе од лудилото во кое е навлезен, ќе се доведува во ситуации како на нивниот неодамнешен состанок во партијата, кога пресметувале дали ќе освојат еден или ниту еден градоначалник на следните избори. Народот ги препознава вашите глупости, лицемерие и забеганост и џабе ви се вакви лажни тврдења.
Една реклама на Фејсбук, која е јавно достапна и транспарентна, не е ниту еден промил од грабежот и криминалот што го спроведуваше СДС.
Граѓаните не се наивни и јасно ја гледаат разликата помеѓу транспарентното работење на ВМРО-ДПМНЕ и коруптивните практики на СДС.
Време е СДС да престане со лицемерието и да се соочи со последиците од своите постапки.