09.02.2025

Ако системот штител некого, тоа беше за време на СДС, сега Македонија се ослободува од вашите криминални стеги! 

СДС, партијата што 7 години ја узурпираше власта, создаде систем на рекет, корупција и судска мафија, а сега глуми морален арбитар?

Оние што штитеа убијци, криминалци и нарко-картели, сега зборуваат за правда? 

Ајде малку реалност: 

Каде беа СДС кога за време на нивното владеење овој случај беше во надлежност на нивните институции? 

Зошто сега, откако граѓаните ве испратија во политичка историја, се обидувате да измислувате скандали за да се спасите од одговорност? 

Ако системот штител некого, тоа беше за време на вашето владеење. Сега Македонија се ослободува од вашите криминални стеги! 

Вашиот очај е смешен и трагичен истовремено бидејќи оваа криминална банда со име СДС се претвори во главен бастион кој ги храни сите первертирани вредности кои макотрпно го изградија Заев и Филипче.

Народот веќе не наседнува на вашите евтини трикови – ги знае вистинските виновници за беззаконието, а тоа сте вие!