02.11.2022

СДС и ЕСМ признаа дека лажат – Во државата се увезува струја и ја плаќа бизнисот, а можеше да се извезува секој ден во вредност и до 2 милиони евра

Пукна балонот од лаги на ЕСМ, во државата се увезува струја, а ја плаќа бизнисот кој секој ден тоне.

Толку од лагите на СДС. Тие признаа дека не се способни да стават во функција ниту 50% од РЕК Битола и Осломеј.

Срамота е што се фалат дека успеваат да го покријат само регулираниот пазар.

Доколку се зафатеа до работа, само со 70% капацитет од РЕК Битола и Осломеј ќе се покриеја во целост домашните потреби, и бизнисот ќе плаќаше евтина струја. Еквивалент од струјата произведена во хидроакумулациите, ветерниот парк Богданци и ТЕЦ Неготино ќе можеше во целост да се извезе, а тоа се над 6.000 мегавати дневно. Со овие 6.000 мегават часа извезена струја, секој ден приливот на девизи во ЕЛЕМ и државата ќе беше и до 2 милиони евра.

Но наместо да работат за народот, СДС работат за интересот на грст луѓе во власта.

СДС призна се. Но пред се, признаа дека се неспособни. И затоа час поскоро треба да си заминат.

Со почит,