Добар ден на сите,
Најнапред сакам да го поздравам денешното присуство на претседателот Мицкоски, да му се заблагодарам за неговата несебична поддршка што ја дава на локалната самоуправа и на општина Илинден, се надевам дека ќе ни биде чест и во иднина се надевам дека ќе доаѓа да пуштаме вакви капитални објекти во функција.
Инаку денес се наоѓаме во населено место Мралино каде што во тек е реконструкција на главната улица во должина 700 метри и во ширина од 5 метри како и изградба во комплетната должина на пешачка патека од ширина од метро и пол, комплетна инвестиција на општината Илинден која што е финансирана од нашиот буџет. По завршување на увидот тука кој што веќе во тек е асфалтирањето на улицата ќе отидеме да направиме увид и на пуштањето во употреба на пречистителната станица во населеното место Илинден со еквалент на жители од 1.300 жители која што ќе задоволува околу 330 домаќинства, пречистителна станица која што е исто така изградена овој период од страна на општината Илинден како инвеститор и која што е во рамки на нашата заложба за чиста животна средина и за изградба на фекални колектори и пречистителни станици.
Општина Илинден во овој период исто така има и други проекти тековни како што е изградба на сите премини на железничките пруги кои што ги реконструираме, градиме детски игралишта, периодот се работи на фекална канализација, се асфалтираат други локални улици, така да ова градежна офанзива се надеваме дека некаде до декември ќе трае каде што веќе сме во планови за наредната година за нови проекти, од пролет ќе почнеме со исполнување на нашите ветувања кон граѓаните да ги исполниме и тие работи што ни преостануваат од програмата.