Не само што не е покачена просечната плата како што тоа го говори Ковачевски, туку реалното покачување е негативно, односно имаме намалување и за тоа може да посведочи секој граѓанин кој што пазарува, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за пофалбите на власта дека се зголемила просечната плата.
Претседателот Мицкоски посочи дека инфлацијата во Македонија е убедливо највисока во регионот и изнесува 18,7 проценти, потенцирајќи дека покачувањето не реално, бидејќи цените на прехранбените производи се покачени, и тоа значи дека граѓаните имаат повеќе трошоци, а помалку плата.
Инфлацијата во месец август, месец кој што го споредува Ковачевски е 18,7 проценти и ме убедливо највисока во регионот, нема повисока стапка на инфлација. Што значи дека доколку просечната плата е зголемена за 11,1 како што вели Ковачевски, реалниот пораст е 7,6 проценти во минус. Затоа што имате инфлација од 18,7 проценти, а зголемување многу помало од таа инфлација. И еве да бидам попрецизен млекото, лебот, јајцата, маслото се зголемени за 18,7 проценти, а паричната маса која што ја добил тој кој што ги купува овие производи е 11,1 процент. Што значи имаме повеќе трошоци, а помалку плата, рече Мицкоски.
Со почит,