07.01.2023

И денес народот дише загаден воздух, СДС од 20 милијарди евра потрошени пари не инвестираше ниту евро за почист воздух

И денес народот дише загаден воздух, СДС од 20 милијарди евра потрошени пари не инвестираше ниту евро за почист воздух.

СДС е централна власт 7 години, и за целиот тој период нема направено ниту една инвестиција, со која би се намалило загадувањето на воздухот.

Неодговорноста се пресликува и во нивната коалиција со Данела Арсовска во град Скопје, каде имаат свој директор на чело на ЈСП, а во сред зиме нема доволно автобуси, претпријатието им должи на приватните превозници и нема решение за ништо.

Ковачевски и Арсовска се договараат за тендери, но не можат да се договорат да одвојат средства за намалување на загадувањето на воздухот.

Ковачевски наместо да ги мести советниците од неговата партија да држат пресови нека им каже дека соработува со Арсовска и дека имаат директор нивен кадар во ЈСП, кој набави нафта без да обезбеди вообичаен рабат.

Се што е поврзано со загадувањето на воздухот води до СДС. Затоа потребни се избори и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе донесе подобра иднина.