Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани им го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.
Овој ден на кој го славиме животот, новите почетоци и семејството нека ви донесе многу здравје, радост и среќа во вашите домови кои ќе ве следат низ целата година.
Христовото раѓање не потсетува на Божјата љубов, милосрдие, меѓусебно да се разбираме и почитуваме, да бидеме хумани и да си помагаме, особено сега во овие тешки времиња со кои се соочуваме. Празнувајќи го овој празник да дадеме пример со порака за сплотеност заеднички да делуваме кон благосостојба, напредок подобро општество.
Заеднички да делуваме да се измени тешката реалност и да не живееме повеќе во неизвесност и несигурност. Потребна ни е нова и подобра реалност. Потребни ни се надеж и заедништво како никогаш досега за да успееме да се избориме за подобра иднина.
Македонија во која сите заедно ја живееме сегашната реалност и ја споделуваме маката, мора да стане држава на среќни граѓани, држава на граѓани кои ќе имаат квалитетен живот и достоинство.
Да си подадеме рака едни на други и со верба да работиме на нашата заедничка и подобра иднина, а поразите и неуспесите да останат позади нас.
Нека Христовото раѓање ви донесе светлина и радост во вашите домови.
Нека е за многу години големиот христијански празник Божиќ.
Христос се роди!
Навистина се роди!
Со почит,
Проф. д-р Христијан Мицкоски
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ