Почитувани,
Тука сум денеска да се обратам практично на една регионална средба на Европската народна партија која што ја организира фондацијата Конрад Аденауер, ќе се разговара нели за локалното вмрежување на сестринските партии овдека во регионот, ќе се зборува за евроинтегративните процеси.
Претпоставувам дека ќе се зборува и за состојбите кои што се актуелни во државите од регионот во економска смисла, политичка смисла и се надевам дека ќе биде еден успешен настан и се надевам дека од овој настан ќе можеме да извлечеме заклучоци кои што понатаму ќе можеме истите да ги користиме.
Јас уште еднашка ја користам оваа прилика да се заблагодарам на фондацијата Конрад Аденауер кој што продолжува да биде верен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и да се заблагодарам на нашите сестрински партии од европското семејство на народни партии ЕНП кои што се денеска овдека со нас и кои што овака ќе можат да ги пренесат своите гледања на нештата околу актуелната политичка состојба во регионот.