Почитувани,
Наместо извинување до граѓаните и оставки, функционерите од власта кои кријат имоти бегаат од одговорност. Со досегашните постапки нив ги штити Ковачевски и ДКСК. Институциите наместо да отворат постапки пишуваат бледи соопштенија и не преземаат никаква иницијатива.
Аферата „Тајни имоти“ опфаќа функционери именувани од Владата, а кои имаат голема партиска историја во СДС, односно држат повеќе функции во партијата. Таков е примерот со Ана Марија Павиќ која е именувана за член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил и не поднела анкетен лист, а истата е координатор на Форумот на жени во ОО Бутел и била кандидат за советник од партијата. Таа на сопствено име има луксузна лимузина Ауди А5, а остатокот од имотот е на нејзиното семејство.
Аферата „Тајни имоти“ опфаќа голем број на лица од кои зависат сложени процеси во државата и распределување на финансиски средства до граѓаните и фирмите, еден таков е Саша Максимовски, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР, и со работна позиција раководител на сектор во Владата на Република Македонија, кој не доставил анкетен лист до Антикорупциска комисија, а од она кое што ние го утврдивме на негово лично име има стан во населбата Карпош во Скопје.
Голем број на функционери кои имале неколку функции пред да ја извршуваат последната функција не го ажурирале својот анкетен лист и по скоро година дена. Таков е случајот со директорот на Инспекторатот за транспорт, Гајур Рушити, Ташко Дојчинов, државен правобранител за подрачјето на Гевгелија, и Васко Стефанов, директор во Пошта.
Очекуваме Ковачевски наместо да ги брани, да побара пресек од ДКСК од сите функционери кои не поднеле анкетни листови и да ги разреши, само така ќе покаже дека ова не е системска операција на власта за криење на имоти.
Доколку Ковачевски не го стори тоа, само ќе покаже дека и тој е дел од процесот за криење имоти, а можеби и тој крие имот дел од аферата „Броило“.