„Денес можам за јазикот, можеби за идентитетот, за историјата, за нашата посебност, за критериумите на ЕУ да зборувам со факти и аргументи, да ги искажам моите забелешки, но сфатив дека сето тоа е залудно. Дека не сакате да слушате што имаме како забелешки. И сфатив дека вие точно знаете што правите и знаете какво предавство правите. Ако воопшто некој од вас се плаши од нешто, тоа веројатно е од Господ, и затоа ќе кажам Господе Боже немој да им проштеваш затоа што знаат што прават“, истакна Ели Панова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница обраќајќи се на владиното мнозинство.
„Меѓутоа единствено што не можам да разберам е зошто? Не ми е јасно дали ова се случува за пусти пари? За колку“, запраша Панова.
Панова запраша зошто ова го прави Ковачевски, за една официјална ли фотографија во Брисел, на лажна меѓувладина седница. Дали тоа Ковачевски го прави за лет во владиниот авион.
„Мене искрено не ми значат ниту зборовите на Османи, затоа што тој не преговара за нему битни работи. Нему му е битно Албанија да влезе во ЕУ. И нормално е дека ќе се согласи на сѐ. Мене не ми значат ниту зборовите на Маричиќ, добро знае што прави, имал повеќе вакви функции и ги менувал истите. И истото ќе се случи и оваа функција, бидејќи Маричиќ нема да стави никаде потпис и нема да одговара. Оној кој што ќе носи срамот но и одговорноста сте вие Ковачевски. Одговорноста за велепредавството со Вас ќе одговара и Вашиот ментор кој ве постави таму“, нагласи пратеничката.
Таа посочи дека за промена на Устав е потребно 2/3 мнозинство, без опозицијата нема уставна промена.
„А, ние промена на Устав нема да дозволиме“, укажа Панова.
„Сакавте ново сценарио, но операцијата ви е неуспешна. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија која што ќе ја формира следната Влада. И затоа гледајќи вака како се препелкате сфативме дека сте во голема паника со вашите очајнички обиди да направите немири. Викавте луѓе со качулки, пиштолџии, сакавте да исценирате меѓуетнички тензии, но нема ви дозволиме“, порача Панова.
Таа укажа дека преговорите со ЕУ нема да отпочнат затоа што Уставот нема да се смени. ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да биде дел од ЕУ, но не по секоја цена.