15.07.2022

Коцевски: ДА за Европска Унија, но не по секоја цена со уцена и дискриминација за мојот македонскиот народ

Зборовите кои го отсликуваат ова денес се два, фарса или циркус и предавство. Фарса е затоа што денес бандитите и криминалците од оваа Влада ни го испраќаат овој лист хартија со кој ни кажуваат дека започнуваме преговори во Европската Унија, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски на денешната собраниска седница.

Коцевски посочи дека парадоксот со овој лист хартија е тоа што не само што не започнуваме преговори туку ова значи крај на европските интерграции под овие услови.

„Имено првата меѓувладина конференција ќе започне евентуално со промена на Уставот кои под овакви услови само преку нас мртви пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе се случат. Затоа кажувам ова е само една голема фарса на предавничката и бандитска Влада“, дециден е Коцевски.

Тој кажа дека ДА за Европската Унија, но не по секоја цена со уцена и дискриминација за мојот македонски народ.

Коцевски додаде дека во Втората Светска војна тие биле фашистички окупатор во коалиција со Хитлер, не го заборавајте тоа и нас не окупирале. Не биле администратори, а вие тоа денес ќе сакате да го поништите.

„Најтрагично е што сите вие знаете дека вршите предавство, за ситни пари и привилегии. За разлика од овие бандити од Владата кои месечно од криминал заработуваат милиони. Посебно Заев кој го води овој процес, потоа Ковачевски и бандитот Оливер Спасовски кој го трасира тој пат на предавството само и само за плус некој ден повеќе на власт за да земат уште нешто што се уште може да се земе“, посочи Коцевски.

Коцевски заклучи дека нив им е сеедно дали ќе бидат затворени за криминал или за национално предавство бидејќи ќе лежат во затвор и за едното и за другото.