01.03.2023

Милошоски: Покрај несигурноста која ја имаме со високите сметки и проблеми со образованието, денес граѓаните се доведени во состојба да се прашуваат дали дојде леб во самопослугите за да можат да купат

Нашиот премиер инфлуенсер е многу поразличен од реалниот свет во кој живеат обичните граѓани. Граѓаните денес се доведени во состојба да се прашуваат дали дојде леб во самопослугите за да можат да купат, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница.

„Премиерот на прес конференција се обиде да манипулира дека цената на лебот паднала за 10% или повеќе и се доведе во ситуација да повлекува потези кои гледаме што донесоа во реалниот живот да се има несигурност дури и кај овој производ. Малку е несигурноста што ја имаме со високите сметки, образованието каде нема учебници но за жал нема ни мир за учениците и за родителите кои секој ден трчаат да ги земат своите деца и напуштаат работни места или замолуваат роднини да им излезат во пресрет а немаме никаква сигурност ниту стабилност од страна на институциите кои треба тоа да го овозможат“, рече Милошоски.

Тој додаде дека она што најдобро ја демантира тезата на премиерот за некаков европски фронт е неговиот довчерашен коалиционен партнер од Алтернатива господинот Хусни Исмаили.

„Хусни Исмаили тврди дека СДС се однесувал кон нив со Северно Корејски методи, а Северна Кореја не е баш добар пример за европски фронт ако овие методи се употребени од страна на СДС кон нивниот коалиционен партнер кој го избркаа од Влада“, рече Милошоски.

Милошоски потенцираше дека втората работа која исто така многу загружува и го демантира Ковачевски на тоа што го кажа во експзоето на неговото тврдење за владеење на право, чесност, борба против корупција и слично е тврдењето на Павле Трајанов довчерашен коалиционен парнтнер и претседател на партија која беше со СДСМ кој изјави дека според неговите сознанија 90% од тендерите на Владата се наместени тендери.