01.03.2023

Јованчев: Новото мнозинство во Собранието и именувањето на министри и заменици не е базирано на принцип, тоа е базирано на обичен „Пазар 3“ за опстанок од уште некој месец на оваа клинички мртва Влада

„Како пред една година така и сега имаме ситуација на крпење на мнозинството без јасна цел, без програма и без визија. рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоранчо Јованчев на денешната собраниска седница.

Тој додаде дека креирањето на мнозинство во Собранието и именувањето не е базирано на принцип туку обичен „Пазар 3“ кој треба да даде живот уште некој месец на оваа клинички мртва Влада на премиерот Ковачевски.

„По официјализирањето на новата коалиција под превезот за европски фронт со еден од неговите најголеми политички непријатели на политичката сцена во Македонија господинот Таравари. На целата македонска јавност и стана јасно дека станува збор за коалиција која е базирана врз основа на пазарање за 3 министерски места, 30-тина директорски места и 300 нови вработувања кој ќе се дадени на поклон на Алијанса на Албанците“, изјави Јованчев.

Јованчев е дециден дека власта од една страна крпи а од друга страна им се кине владејачкото мнозинство затоа што едноставно е изгубен целосно легитимитетот.

„Премиерот СДСМ и ДУИ се соочени со својата неспособност, криминал, корупција и внатрешни конфликти и затоа ваквата гимнастика со разрешување, именување и просто пазарење нема ништо да подобри во Македонија, туку напротив ќе ги усложи и продлабочи проблемите на штета на граѓаните“, вели Јованчев.