02.11.2022

Мицкоски: Општина Илинден ќе биде дел од проектот за емисија на општинска обврзница, ги следиме трендовите во светот, граѓаните сами да може да се вклучат во реализација на проекти

Почитувани,

Убав ден, успешен ден е кога може да се присуствува на активности кои што ги реализираат градоначалниците, овде Александар во Илинден, навистина има исклучително амбициозна агенда, исклучително многу направи во овие година дека откако е градоначалник после победата во првиот круг на минатогодишните локални избори.

Денеска еве слушнавте лично што имаше да каже и со што да се пофали и практично тоа што можеби со години не беше тука реализирано претходно еве за оваа една година се случува и покрај тоа што имаме исклучително тешки услови, енергетска криза, финансиска криза.

Можеби е добро да најавиме дека и општина Илинден за прв пат ќе се вклучи во процесот на емисија на општинска обврзница што е нешто како иновација, новитет. ВМРО-ДПМНЕ иновира, ги следи   трендовите во светот, на светската економија, дополнителни средства каде што ќе може и самите граѓани да учествуваат во реализација на проектите кои што ќе се од општествено и општинско значење за самите нив, за децата. Еве гледате се асфалтираат улици, се градат фекални и атмосферски канализации, прочистителни станици, водоводи, амбициозна агенда, се гради Илинден. И така треба да продолжи.

Јас сум навистина задоволен и среќен и секогаш кога ќе се побара од мене за ваков тип на проекти, јас сум тука да ја дадам својата лична поддршка, поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и убеден сум дека и пред време ќе биде реализирана програмата со која што убедливо Александар победи на минатогодишните локални избори овде во општина Илинден.