Почитувани медиуми,Денес поставивме камен темелник на нова детска градинка овде во дворот на основното училиште „Кочо Рацин“ во Петровец. Градинката е со капацитет од 65 дечиња и површина од 350 метри квадратни. Средствата за првата фаза, за изградба на градинката обезбедени се 5 милиони преку Скопски плански регион од Бирото за рамномерен регионален развој и 3 милиони и 300 илјади денари од буџетот на општина Петровец.За втората и завршна фаза потребни се уште 12 милиони денари и во целост тие 12 милиони денари ќе бидат обезбедени од буџетот на општина Петровец.Општина Петровец продолжува со капитални објекти. За само 10 до 15 ќе бидете сведоци на пуштање на нова општинска зграда каде што општина Петровец од буџетот одвои повеќе од 33 милиони денари. Изградба на општинската зграда значи во голема мера ќе се подобрат условите на административните работници но и издавањето на услугите према жителите како од општина Петровец така и пошироко.