21.02.2023

Колев: Започна асфалтирањето на патот кон Езерото Младост

Започна асфалтирањето на патот кон Езерото Младост!
Денес започна асфалтирањето на првите 1200 метри од оваа делница и ќе трае до среда, поради што патот е затворен за сообраќај. Продолжуваат и градежните зафати за реконструкција уште на еден километар во продолжение, а ќе продолжи се до предвиденото над Ресторан “Бела вода”.
Благодарност до ЈПДП за одличната соработка во реализација на проектите во Општина Велес!
Посветено, за поубав Велес!

https://www.facebook.com/kolevmarko/posts/pfbid03tJfMcxAMZ72fHoAKUDw21k87ppJT8hdtV3XipogjzpssANHEsh6Zfz8E33qjvy2l