20.02.2023

Ѓорѓиевски: Започна санацијата на Домот за култура „Билјана Беличанец“

Започна санацијата на Домот за култура „Билјана Беличанец“, за помалку од четири месеци мојот народ добива функционален културен центар!
Започнавме со реализација на најавениот проект за санација на Домот за култура ,,Билјана Беличанец”, кој на почеток од мојот мандат го затекнав во крајно лоша состојба.

Иако се работи за објект кој беше темелно обновен во 2015-та и од руинирано старо кино прерасна во прекрасно здание, оваа убава визија никогаш не заживеа.

Наспроти тоа, неколкугодишната негрижа од страна на моите претходници го довеле до степен да биде речиси сосема неупотреблив.
Градежниот зафат кој го реализираме ќе трае неколку месеци, по што имаме сериозен план овој дом на културата и содржински да го добие вниманието што го заслужува.
Планираме со квалитетна програма да ја привлечеме публиката и да го позиционираме ова место како иден центар на културните збиднувања во општина Кисела Вода, соседните општини па и во главниот град.
Затоа, сакам да упатам благодарност кон Бирото за регионален развој, преку кое остваривме финансиско партнерство со Министерството за локална самоуправа и ја овозможивме реализацијата на овој проект за санација, како прв чекор кон заживување на Домот на култура ,,Билјана Беличанец”.
Кисела Вода се менува!

https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/pfbid0EHFgPKCn3XCdFk6PLuRCj1rLC42WN6qbh8fpTQ6MVZAJXYNffTjxMtTGaaMWkKWTl