Вечерва Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Совет на Град Скопје за „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека постои една изјава која што деновиве ја има по социјалните медиуми, каде што Арсовска вели дека е срамота Град Скопје да должи на приватните превозници. А, во тоа време Град Скопје должело на приватните превозници околу 60 милиони денари.
„Овие денови има една изјава од Арсовска која што се врти по социјалните медиуми, каде што вели срамота е Градот да не ви исплаќа 60 милиони денари долг, срамота е да не ви ги исплаќа. А, тогаш должело ЈСП на приватните превозници околу 60 милиони денари. Таа велеше – „Срамота е, па како вие ли ќе го авансирате Градот“. Тоа им го вели градоначалничката во текот на кампањата“, потсети Андоновски.
Андоновски додаде дека по доаѓањето на Данела Арсовска долгот кон приватните превозници расте за плус 100 милиони денари.
„Јас мислам дека имате уште 100 милиони додадено на тие 60 милиони денари долг кон приватните превозници. Сега должите уште нови 100 милиони денари. Со што долгот е 160 милиони денари“, рече советникот.
Тој посочи дека 200 автобуси се 200 семејства. Значи Данела остави без леб 200 семејства. Значи срамота е 200 превозници немаат земено плата.
Во текот на емисијата Андоновски се осврна и на бас рапид транзит.
„За превоз во град не е да испланирате бас рапид транзит кој што не предвидува два огромни моста дека треба да се изградат. И дека не предвидува главната цевка за вода во Скопје треба да се премести и дека може да биде оштетена, и луѓево да немаат во Скопје вода да пијат. Тоа беше бас рапид транзит. Бас рапид транзит значи дека како мостот „Обединети Нации“ треба да се изгради уште еден до него за да може да помине бус рапидот транзит и да оди на средина на „Партизанска“ каде што во моментов поминува главната водоводна цевка. Тоа е имање или немање визија. И второто имање или немање визија бидејќи беше споменат мостот „Асном“, беше четири години владеење на СДСМ разрешени ескпроприации за тој мост само за да може да се реализира „Асном“. Ај што го поместија планот на Коце Трајановски во лево за да зафатат што повеќе куќи можат, наместо да одат по правилото на траекторијата на стариот ГУП, го преместија мостот во лево и така зафатија повеќе куќи отколку што требаше. Но, со помош на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ особено со Бобан од Гази Баба успеаја да се решат повеќе од 120 предмети во една година, ескпроприација предмети. Затоа што мора да решите такви предмети за да можете да пуштите улица“, рече Андоновски.
А, во однос возниот ред кој што истиот е одлука на Советот на Град Скопје, Андоновски истакна дека наредниот период ќе побараат увид на предметот бидејќи истиот возен ред од страна на ЈСП не се почитува. И ќе побараат постапување на сообраќајните инспектори на Град Скопје.
Андоновски исто така рече дека вработените во Град Скопје се под голем притисок од страна на секретарот.
„Раководителите во Град Скопје се под сериозен притисок на Глигоров, новиот секретар. И тој им става единици оценки за да ги притисне да работат исклучиво по негова насока и како тој што сака по негови желби“, нагласи советникот.
Андоновски додаде дека им става единици за да може да ги менува и да ги брка.