Мицкоски: Овој голем христијански празник нека донесе пред се здравје и мир, здрав и мирен човек може да направи сѐ

Почитувани, Сакам да го честитам овој голем православен христијански празник Богојавление – Водици на сите православни христијани. И да им посакам како што е редот здравје, среќа нели, успех, мир, она што на сите нас е потребно, но и на сите граѓани се разбира кои што не го слават овој денешен ден, а се наши […]

Read more

Честитка по повод празникот Богојавление Христово – Водици, од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Република Македонија им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици. Овој светол ден е симболот на духовното раѓање и како таков не потсетува сите нас на духовните вредности кои мора да ги негуваме и врз кои треба да се надградуваме […]

Read more

Градоначалникот на Крива Паланка после нападот на полицаецот не е достоен да ја врши функцијата – да си поднесе оставка

Власта се обидуваше да го сокрие скандалот со градоначалникот на Крива Паланка кој нападнал полицаец. Но ваков скандал не може да се сокрие. Насилството се случило на на 14-ти јануари, а МВР дури вчера после 4 дена извести дека спровеле информативен разговор со градоначалникот Митовски. Овој случај е далеку од расветлен и нека не помислува […]

Read more

Само во 5 општини инвестиции од над милијарда денари во нови детски градинки, патна инфраструктура, паркови

Општините каде што градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ оваа година ќе доживуваат преродба.  Се работи на секој чекор, се градат модерни и европски општини. Градежната офанзива и реализација на проектите покажуваат дека не се сите исти. Фокусот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е во исполнување на ветеното и создавање на позитивни промени, кои по промената на власта […]

Read more

ОК Ѓорче Петров спроведе хуманитарна акција, која ја прави втора деценија, на акцијата годинава се приклучи и Рози Мицкоска, сопруга на претседателот Мицкоски

/

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров деновиве во хуманитарна акција, која ја прави веќе втора деценија, спроведена од членовите на Комитетот собираше намирници за исхрана. На акцијата оваа година и се приклучи и Рози Мицкоска, сопруга на претседателот Христијан Мицкоски, која даде несебичен придонес за акцијата да биде успешна. Собраните намирници, ОК на ВМРО-ДПМНЕ […]

Read more

Трипуновски: Со СДС на власт бележиме рекордни најниски приноси на тутун, а парите кои тутунарите ги земаа ги изеде двоцифрената инфлација

Георгиевски! Само човек кој верува во девизата,,лага кажана сто пати станува вистина” и има потреба на секоја прес конференција да ги потсетува земјоделците дека работи за нив, а човек кој навистина работи за нив нема потреба ни од фалби ни од пресови бидејќи делата зборуваат за него. Но за жал вистината е сосема различна и […]

Read more

Новите градинки, училишта и улици во Аеродром се новата реалност, со зелената обврзница се инвестира во иднината и развојот

Новите градинки, училишта и улици во општина Аеродром се новата реалност. Со Тимчо Муцунски општина Аеродром ја напушти калта во која СДС ја остави. Зелената обврзница е за реализација на проекти, како нови градинки, улици и други инвестиции кои носат промени и подобар живот. И покрај опструкциите на СДС и Левица како на централно ниво, […]

Read more

СДС не прекинува да се фали со нешто што треба да е нормално

Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нормално беше да работат трите блока во РЕК Битола, без песови, фалби и сликање за нешто што е нормално. Владата во заминување ја забавува јавноста со пуштање во работа на БЛОК 3 кој претходно самите го запалија, претставувајќи ја катастрофата која ја предизвикаа пред 400 дена, како триумфална победа […]

Read more

Стоилковски: Пратениците во Собранието немаат мандат од народот за промена на Уставот, што поскоро треба да се организираат избори

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на бараните уставни измени од страна на коалицијата на криминалот и корупцијата СДС и ДУИ е непроменет. Ова Собрание, овој собраниски состав нема мандат од народот за промена на Уставот под притисок на соседни држави“, нагласи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при одговарање на новинарско прашање за став на ВМРО-ДПМНЕ […]

Read more

Стоилковски: Дали последното бегство од затвор е договорено со СДС?

/

Почитувани, Затворот во Македонија постои само за оние коишто немаат врска со власта, СДС, организираниот криминал и корупцијата! Овозможувањето на ладнокрвен убиец да избега од затвор уште еднаш ја потврдува оваа теза! Последното бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци, и веројатно неминовно во дослух со затворските служби. Командир на […]

Read more

Ангелова: Бараме Арсовска да го разреши Глигоров, постои опасност тој да го повтори насилството

Почитувани, Трет ден молк од Зоран Глигоров за фрапирачките сознанија за вршење на семејно насилство. Дополнително, бараме од институциите конечно да покажат дека може да се обезбеди функционирање на секој сегмент на правната држава, особено кога се во прашање наводите за сторени насилни дејанија од страна на именувани функционери. Институциите се одговорни постојано да се […]

Read more

Ковачки: Ахмети греши кога мисли дека ДУИ и Левица одлучуваат за влада, власта ја зема и дава единствено народот

Али Ахмети вчера вели ВМРО да не сонува за создавање мнозинство со Левица. Но, Ахмети треба да знае 3 работи: 1. За нова влада не одлучува Ахмети туку народот на избори. Власта ја дава и зема само народот на избори, затоа толку многу се плашат и бегаат од соочување со народот. 2. Правилото на коалицирање […]

Read more

Мицкоски:  Радовиш ги живее проектите на дела, ќе се изградат фотоволтаични централи на пет јавни објекти, во вредност од 37 милиони денари

„Радовиш повеќе не е зафрлено место на југоистокот на Македонија. Работиме тимски и најважните одлуки ги заеднички и транспарентно. Радовиш ги живее промените и проектите на дела. Согласно барањата на граѓаните суштински започнавме да ги решаваме најгорливите проблеми, проблемот со сообраќајот, проблемот со недостатокот на модерни и уредени површини за рекреација, спорт и дружење“, изјави […]

Read more

Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДС намерно го пушти да избега?

Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДС намерно го пушти да избега? Осудениот убиец кој избега, и притоа рани полицајци очигледно добил помош за тоа од власта. Командирот кој бил на смена е човек на СДС, тој на неговиот фејсбук профил не ја […]

Read more

Ковачевски и Османи цел ден молчат за асимилаторскиот говор на Џамбаски, за да им поминуваат криминалите согласни се со сите кои имаат аспирации кон Македонија

Ковачевски и Османи цел ден молчат за асимилаторскиот говор на Џамбаски, за да им поминуваат криминалите согласни се со сите кои имаат аспирации кон Македонија. Ангел Џамбаски сред Скопје ја негираше македонската држава и народ, а од МНР и Владата молчат. За осуда и протесна нота за ваков инцидент не треба да се чека ниту 5 […]

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и асимилаторски пароли кои се навреда за чувствата на Македонците искажани денес среде Скопје при панихидата на Мара Бунева

/

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува негаторските и асимилаторски пароли кои се навреда за чувствата на Македонците искажани денес среде Скопје при панихидата на Мара Бунева. Ваквите изјави со кои се негира Македонија се последица на предавничките политики на СДС и Ковачевски. Уште посрамно е што за сето ова молчат државните институции, затоа што Бујар Османи и ДУИ […]

Read more

Срамота е што СДС за да ја покријат неспособноста за справувањето со кучињата скитници прават политика

Ја разбираме фрустираноста на СДС, одат дотаму кога во исто време премиерот и нивен лидер Ковачевски вели дека ќе бара странска помош, за проблемот со кучињата скитници да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Веројатно СДС во недостиг на аргументи, Мицкоски и ВМРО ќе ги обвини и за тоа што нема снег во месец јануари или […]

Read more

Ковачки: Доктор осуденик, кој нема завршено медицина дал налог да се носи во болница убиецот кој и избега на власта, ОВА Е КЛЕПТОКРАТИЈА

Во врска со бегството на затвореникот, а како потврда дека системот е целосно распаднат и дека Македонија нема институции, ќе споделиме со јавноста дека попладнето во затворот работел “доктор” кој е осуденик и кој издржува казна затвор и внимавајте – истиот нема никаква врска со медицина. Ниту средно медицинско нема. Значи, “доктор” затвореник дал налог […]

Read more

СДС нема донесено ниту една странска инвестиција, наместо да привлечат реномирани фирми, кумот на Ковачевски е во бизнис поход

СДС нема донесено ниту една странска инвестиција, наместо да привлечат реномирани фирми, кумот на Ковачевски е во бизнис поход. Единствен инвеститор во ТИРЗ за време на СДС можеби ќе биде само Пиксел груп основана од Ковачевски, опфатена во аферата Броило, која планира градба на фабрика во ТИРЗ Тетово заедно со бугарски партнер. Нема инвестиции, нема […]

Read more

Власта ја призна вината, МВР ја препушта на министерството за правда, командирот на кого му избега убиецот важи за близок до Спасовски

Власта ја призна вината, мвр ја препушта на министерството за правда, командирот на кого му избега убиецот важи за близок до Спасовски. Командирот во чија смена се случило бегството е поранешен полициски службеник, кој бил фатен при земање поткуп, а потоа и избркам од работа. Полициски службеник фатен во криминал, од СДС е назначен за […]

Read more

Од успешните енергетски политики на СДС имаме за 50% зголемена струја кај домаќинствата и за 4 пати поскапа струја кај малите потрошувачи

Деновиве, во мноштвото несреќи и скандали кои веќе е  „морничаво“ да ги коментираме, без срам или одговорност од страна на  “експертите’’ во енергетиката, Владата во заминување ја забавува  јавноста со пуштање во работа на БЛОК 3 кој претходно самите го запалија, претставувајќи ја катастрофата која ја предизвикаа пред 400 дена,  како триумфална победа што чиниш […]

Read more

(ФОТО) Командирот на кој му избега убиецот, избркан за поткуп, а Спасовски го вратил и направил Командир во Идризово, на фејсбук со статуси да живее СДСМ

Командирот на кој му избега убиецот, избркан за поткуп, а Спасовски го вратил и направил Командир во Идризово, на фејсбук статуси со да живее СДСМ. Командир на смена во Идризово кој е одговорен за проценка на ризик при транспорт на затвореници дента кога се пренесувал убиецот кој избега, а притоа повреди полицајци  е човек близок […]

Read more

Ангелова: Дали Глигоров е рецидивист во насилство, претходно семејно, а сега на работно место? Институциите да утврдат, а Арсовска да го разреши

Почитувани, Целосниот молк од страна на секретарот на Градот за скандалозните информации за вршење на семејно насилство предизвикува уште поголеми сомнежи дека она што го говориме е вистина. Во политиката во XXI век нема место за лица кои учествуваат во или се дел од насилни дејствија. Очекуваме Глигоров да одговори дали како генерален секретар на […]

Read more

Николов: Оваа Влада има пари за пенали, непостоечки функции, ама нема за лечење на граѓаните, затоа мора да падне час поскоро!

Почитувани, Надлежните од министерството за здравство потврдија дека цела година не мрднале со прст за да го намалат побарувањето за отштета од раскинувањето на договорот за изградба нов клинички центар во Скопје. Министерството за здравство ниту информираат, ниту знае  дали треба да платат 8 милиони евра, 20 милиони евра или многу повеќе и за ова […]

Read more