
Николов: Владата на СДСМ и ДУИ ги краде граѓаните, плаќа пенали за неизградба на клинички во Скопје и за скапи странски адвокатски куќи
Почитувани, Владата и министерството за здравство прават се друго, освен да се грижат за здравјето на граѓаните. Како тргнале, Владата на СДСМ и ДУИ веројатно ќе биде единствена во свет, која што ќе плаќа казни за неизграден Клинички центар. Иако имаа полни усти транспарентност, денес единствено се занимаат со спроведување на лични и партиски интереси. […]
Read more
Ковачки: Синот на Ахмети, Шкумбин, со Дрин и Бесијан, сакаат да градат 60MW фотоволтаична централа во ЈПП со државата, им требаат 35 милиони, разговарале и со банка, Ковачевски и Ахмети да одговорат дали им дале дозвола?
Почитувани, Синот на Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, заедно со внуците на Али Дрин и Бесијан влегуваат во бизнис од 35 милиони евра, за изградба на фотоволтаична централа од 60 MW, во реонот на Кичево. Синот на Али, Шкумбин Ахмети, заедно со неговите први братучеди Дрин и Бесијан веќе ја формирале фирмата „Хелиос“, во која секој […]
Read more
Скандал за Кланот Зајас – Фондот за иновации предводен од кадар на ДУИ му доделувал пари на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети
Скандалите поврзани со кланот Зајас немаат крај. Внукот на Али Ахмети, младиот Дрин Ахмети со „претприемачки дух“, добивал и државни пари од Фондот за иновации. Освен концесија за каменолом, концесија за хидроцентрала, трговски центар без потрошен денар, внукот на Али Ахмети се пробал и како иноватор. Од фондот за иновации добил 82 илјади евра. Имено […]
Read more
Пироманот Зечевиќ може во своето презиме да додаде освен Вардарски, и Македонски, но тоа не ја менува сликата што токму неговата партија го смени името на државата, а за возврат останавме во чекалницата на ЕУ
/Навистина е романтично иако целосно лажно кога Миле Зечевиќ вели дека државата ќе ја внел во Европската Унија и дека СДС споделувала прозападни вредности, и сето тоа кажано од човекот чија кариера почнува уште од времето на ТАТ и криминалниот октопод, и чиј најголем дострел е палењето на американската амбасада, кон крајот на деведесеттите. Пироманот […]
Read more
Трипуновски: Секоја сезона СДС ги повторува истите лаги, а земјоделството во Македонија го има се помалку
Секоја сезона СДС со истите лажни ветувања и големи планови за земјоделството. Вистината е дека со оваа власт на ДУИ и СДС земјоделството го има се помалку во Македонија. Нека излезат слободно од своите канцеларии меѓу земјоделците и ќе се уверат. Субвенциите се уште не се исплатени, а земјодеците едвај врзуваат крај со крај. Жетвата е во тек, а цената на јачменот е мизерни 9 денари, што не може да ги покрие ни реалните трошоци на производителите, а не пак да зборуваме за достоинствен живот на нивните семејства. И покрај вака ниските цени истите едвај наоѓаат откуп. Слична ситуација ќе се преслика и со пченицата. Тоа што нема нови инвестиции во водостопанството, веќе и не е вест. Но катастрофата да биде поголема во моментов над 5000 хектари земјоделско земјиште во општините Росоман и Градско е без наводнување, затоа што власта на ДУИ и СДС не се способни да санираат дефектот. Погубните политики на власта ја направиа Македонија комплетно увозно зависна на храна . Ова се резултатите на ужасната земјоделска политика на СДС и ДУИ. Нивните големи зборови веќе 7 години се само обично мртво слово на хартија. Колку побрзо оваа власт си замине, толку подобро и за земјоделците и за земјоделството. Линк од ФБ објава на Цветан Трипуновски, претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство: https://www.facebook.com/100050513168497/posts/pfbid02JasVTxkiYWnEcsgJcJTcW9FN4EP6MPpyAxHbCnAwdT512hzBwbKUS5wDDdk3XQx8l/?mibextid=cr9u03
Read more
Ковачки до Бујар Османи: Класичен манипулатор кој се обидува да ја дефокусира јавноста од криминалот во неговата партија отворајќи тема која е затворено прашање
Мислам дека Бујар Османи е класичен манипулатор и се обидува да ја дефокусира македонската и меѓународната јавност од криминалот кој што го откриваме деновиве за кој што тој молчи и не се произнесува за криминалот на неговиот шеф, односно за кланот Ахмети туку се обидува да ја дефокусира јавноста со работа која што е затворена. […]
Read more
Арсовски: Додека фирмите на Дрин Ахмети добиваат 80.000 евра од ФИТР, млади умови од Македонија си заминуваат
„Околу Фондот за иновации, би сакал да ги искоментирам и оние последниве случувања во изминативе неколку дена, а тоа е околу семејствово на Али Ахмети кое е најверојатно како „успешни бизнисмени“ кои што произлегле изминативе години, успеале да бидат и „добри иноватори“. Имено, фирмите не неговиот внук Дрин Ахмети земале од Фондот за иновации во […]
Read more
Ковачки: Фирмите од кланот Ахмети добиваат државни тендери од ЕСM и изградба на патишта, ги интересира само како да се збогатат пред да паднат од власт
На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“, свое обраќање имаше и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки кој зборуваше за фирмите на фамилијата Ахмети и сомнителните тендери кои ги добиваат, а ги повика и државните органи да истражат бидејќи има индиции за сериозно […]
Read more
Ефтимов: Правосудниот систем е руиниран и контролиран од СДС и ДУИ, за притисоци и влијанија нотираат судии, обвинители и меѓународни претставници
На денешната трибина, која што се одржа во просториите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“, свое обраќање имаше пратеникот Дајанчо Ефтимов кој што истакна дека правосудниот систем е руиниран, а за притисоци и влијанија нотираат и судии и обвинителите и анкетите и меѓународните претставници […]
Read more
Чулев: Корупцијата метастазира во сите сфери во општеството, посебно во органите на прогонот и оние органи кои што треба да го спроведуваат законот
„Сакам да потенцирам дека ниту промена на Уставот на Македонија, ниту било што друго не е вистински проблем или пречка на патот на евроинтеграциите на Македонија, туку главен проблем и главен предизвик на оваа држава на патот кон ЕУ е токму борбата против организираниот криминал и корупцијата. Ова е нешто што на дневна основа доаѓа […]
Read more
Арсовски: Институциите за гонење криминал го штитат криминалот на СДС и ДУИ, поднесоците се чуваат во фиока без епилог
„Сведоци сме дека во изминатите години откако СДС ги има запоседнато сите институции во Република Македонија има голем криминал, корупција, енормно збогатување на функционерите кои што се од власта“, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“ на денешната трибина насловена „Корупцијата и […]
Read more
Костовски: Добивам закани, но тие кај мене не поминуваат
Вчера добив директна закана, цитирам: ако продолжиш вака ќе ти се скрши вратот. Ова го истакна советникот во општина Бутел претставник на политичката партија Алтернатива, на вчерашната седница на советот, читаше од некој друг напишано писмо па ми се обрати на таков начин. Од како го прашав што тоа значи, почна да ретерира дека било […]
Read more
Очајни и лицемерни се обидите на СДС да дефокусираат од криминалите на актуелната власт
Јавноста од СДС и Ковачевски очекуваше став за криминалот на актуелната власт, за црната листа на која се најде нивниот коалициски партнер Мерко, за тоа како без денар се купува трговски центар, за тоа каде е Ден Дончев со торбичката во која ставаше снопчиња со пари, како блиски на функционерите на власт стануваат сопственици на […]
Read more
Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти
Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти. Внукот на Али Ахмети, Дрин, на само 25 години, без вложен денар се стекна со 39% од луксузниот деловен центар „Соравиа“. Никој во светот не отстапува некому 39% за џабе, сите знаат зошто Дрин […]
Read more
Муцунски: Правосудниот систем со луѓето кои раководат се политизирани и директно влијание на ДУИ, а второстепено и на СДС, и граѓаните и меѓународните претставници не му веруваат на ова правосудство
Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија. Видовме како внук на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција. Видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа […]
Read more
Панова: Борба со криминалот и корупцијата не е возможна бидејќи големиот криминал во државата излегува од двоецот СДС – ДУИ
Борба со криминалот корупцијата од овие луѓе на власта кои се длабоко влезени во тоа не е можно, бидејќи буквално големиот криминал во државата излегува од двоецот СДС ДУИ, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа Телевизија. „Очигледен дефокус е апсењето на Тодоровиќ, бидејќи […]
Read more
Ковачевски и Владата кукавички дезертираа од пратенички прашања, а само треба да сфатат дека тие мора да одговараат за својата работа пред законодавниот дом
Ковачевски и неговата Влада секој ден покажуваат дека се недемократски и со тоталитарен карактер. Тоа е резултатот на нервозата и очајот, во кој се наоѓаат. Денес, и Ковачевски, и неговите министри, дезертираа и избегаа од собраниската седница за пратенички прашања, затоа што не можеа да се соочат со вистината. Нивното тоталитарно лице го покажаа со […]
Read more
Мицкоски на средба со новоименуваниот амбасадор на Полска, Гжелчик: Европските интеграции на Македонија не смее да се базираат на двојни стандарди и целосно мора да се почитуваат вредностите утврдени со Копенхагеншките критериуми
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (30.06.2023) оствари срдечна средба со новоименуваниот амбасадор на Полска во Македонија, господинот Кшиштоф Гжелчик. Мицкоски му се заблагодари на амбасадорот за постојаната, искрена и посветена поддршка која Полска ја дава на Македонија во целиот изминат период, и искажа подготвеност за плодна соработка помеѓу двете држави дополнително да се продлабочува […]
Read more
Коњановски: Тековните проекти и одлуките на Советот за: Шинтерската служба, управните и надзорните одбори и иницијативата за разрешување на директорот на ЈП Паркинзи
Градоначалникот на општина Битола денеска имајќи ги предвид случувањата во општината во последните два месеци, посочи дека јавноста потребно е да биде информирана за моменталните состојби, објективно и вистинито. – Од моето доаѓање, како градоначалник на општина Битола, мојот главен приоритет е работа и посветеност во работењето, во интерес на Битола како град во кој […]
Read more
Костовски: Иницијативата за промена на имиња на улици во Бутел е граѓанска, потпишани се и Албанци, а ДУИ може да продава шовинизам колку сака
Изјава за медиуми со која се поништуваат сите лажни инсинуации за национализам. ДУИ може да предава како се создава шовинистичка политика, најмалку да обвинува други за истата. Прво: Не станува збор за моја иницијатива, туку за иницијатива на девеесетина потпишани граѓани меѓу кои Македонци, Албанци, Бошњаци, Срби, Роми. Иницијативата ја препратив до надлежната институција Град […]
Read more
Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: Македонија стои во место, власта ја доведе земјава во безизлезна состојба, потребни итни решенија, а за тоа се неопходни предвремени парламентарни избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (30.06.2023) оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир. На средбата се разговараше за актуелната економска и политичка состојба во Македонија, како и реформите кои земјава треба да ги спроведе, а кои се важни за нејзиниот пат кон ЕУ. Мицкоски на средбата истакна дека македонската економија […]
Read more
Јаревски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има, СДСМ и ДУИ не ја поднесуваат иницијативата во Собранието бидејќи немаат гласови
Во вечерашната емисија „24 Анализа“ на ТВ 24 гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој што истакна дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, а СДСМ и ДУИ прават дефокус и не ја поднесуваат иницијативата во Парламентот бидејќи немаат доволно гласови. „Очигледно дека СДСМ сака да изврши класичен де-фокус или замена на тези. Целата македонска […]
Read more
Мицкоски: Четири недели и дадовме шанса на власта да изберат еден од предлозите кои ги дадовме за решение на спорот со Бугарија, од денес тоа не важи, само избори се решение
Двете опции кои ги понудив на лидерската средба беа на маса до овој момент, до оваа емисија се уште не слушнав одговор од страна на Ковачевски која од двете опции ги прифаќа, дали првата со одложено дејство па да видиме, или втората предвремени парламентарни избори. Од денеска има само една опција на маса, а тоа […]
Read more
Мицкоски: СДС треба да се реформира, не исклучувам соработка со некоја независна пратеничка група која ќе произлезе од СДС, потребно е македонско национално единство
„Ако мене ме прашате ова раководство на СДС кое што сега ја води политичката партија колку побргу заврши со политиката толку подобро ќе биде и за СДС, но она што е за мене поважно тоа е Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Мицкоски додаде дека таму во […]
Read more