
Николоски: Во сообраќајна несреќа при судир на камионите кои носат увозен јаглен на омилената фирма на белорускиот конзул загина човек – власта во заминување врши масовен грабеж на ЕЛЕМ и РЕК Битола
Власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола! Целта е да се искраде што сѐ може на заминување! Тендери се штанцаат на дневна основа, нормално за омилената фирма на белорускиот конзул! Исто така дневно десетици камиони носат увозен јаглен! Тие камиони транзитираат низ Новаци кон РЕК Битола. Во сообраќајна несреќа при судир на еден од тие камиони со трактор, еден човек го загуби животот. […]
Read more
Стоилковски: Дали причина за хаосот на Хирургија е системот за компримираниот воздух или има бактерија МРСА?
Почитувани, Ќе даде ли некој одговор од Владата или од ДУИ и СДС што се случува во Хирургија, наместо да се префрла топката од Здравството кон ЈО? По една недела затворени хируршки сали, заради мирис и нефункционален систем за компримиран воздух, ќе отвориме повеќе дилеми и прашања: 1. Дали е ист системот за компримиран воздух […]
Read more
Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалиционите партнери се базира на принципи и е во напредна фаза
„Она што можам засега да го кажам е дека преговарачкиот процес се базира на принципи, пред се нели на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и од потребата од одредени реформи за забрзан економски развој“, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на поставеното прашање од медиуми за тоа до каде се преговорите со […]
Read more
Стоилковски: На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик, фирма моли за услови за добиена работа, ако ДУИ и СДС одат во опозиција не значи пациенти да умираат по ходници
Почитувани, ДУИ и СДС системски го уништуваат здравството до последен ден! Незапаметен хаос владее на клиниката за хирургија, односно Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ. Ќе набројам три акутни состојби: 1. Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или […]
Read more
Мицкоски: Следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати – Македонија се враќа на народот, да се обединиме под истото знаме за да работиме за заедничката иднина
Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот и изградба на заедничка иднина. Големата поддршка која ја добивме од граѓаните, значи огромна одговорност да излеземе со чист образ пред граѓаните и да кажеме како стојат работите реално, и без разубавувања, но и да […]
Read more
Мицкоски: Да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги соочиме изворите на тоа зло со одговорноста
„Денес во Македонија десетици илјади деца се надвор од образовниот процес, над 80 илјади живеат во тешка сиромаштија обременети со голата борба за живот. Одбивам да говорам за образованието на ниво на зборови и флоскули, туку тоа мора да се заоснова на дела. Поразително е што многу деца, многу луѓе не само што не се […]
Read more
Мицкоски: Свети Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење, пред 1100 години ја испратија универзалната порака на единство, посветеност и образование кое има моќ да ја менува реалноста
Драги пријатели, браќа и сестри, Почитувани учесници на оваа дискусија, уважени гости, Светите браќа Кирил и Методиј не се само словенски просветители, тие се рамноапостоли и прогласени за заштитници на Европа. Тоа само го покажува големото дело кое го оставиле зад себе, дело кое после повеќе од еден милениум сеуште е живо како никогаш до […]
Read more
Делото на браќата Кирил и Методиј е стожерот на македонското наследството и фундаментот на кој денес почиваат и европските вредности
По повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј се одржа трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!“ на која се обрати Ѓоко Ѓорѓевски кој што истакна дека мисијата на браќата Кирил и Методиј е единствена а ние сме горди на нив и нивното творештво. „Забележани се многу мисии економски, […]
Read more
Љутков: Делото на Светите Кирил и Методиј од пред 11 века е цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со гордост и е дел македонска и општословенска духовна култура – како генерација да бидеме бедемот на македонското постоење
„Денеска ги чествуваме сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Нематеријалната култура е стожерот на нашиот идентитет. Македонскиот јазик, нашата писменост се најзначајните репрезенти на нашата земја“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!“ која е во рамките на свеченоста по повод […]
Read more
Мицкоски: Горди сме на делото на светите браќа Кирил и Методиј – нивната дејност темелена на македонскиот јазичен извор ги спаси Словените од одродување
Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам денешниот празник Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Светите Кирил и Методиј со своето дело ја задолжија не само сесловенската, туку и европската и светската култура и на тој начин со златни букви се […]
Read more
Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните
Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, оствари средба со раководството на Македонија 2025. На средбата беше потенцирана потребата од забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата, за што претседателот Мицкоски кажа дека […]
Read more
Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ е силен економски развој за просперитет на Македонија и граѓаните
Идната Влада во Македонија на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера како главен приоритет да го има бизнисот и економскиот развој на Македонија како држава и да работи за доброто на граѓаните. Немаме никаква поинаква цел бидејќи поддршката која што ја добивме на овие избори од граѓаните е нешто кое што не обврзува […]
Read more
Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Совет на јавни обвинители, наша цел е комплетна автономија на правниот систем без влијание од политика
Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Советот за јавни обвинители. Наша цел е да ги распуштиме овие кои довербата во правниот систем ја сведоа на едноцифрена бројка проценти, и наместо нив самите судии и обвинители да си ги изберат своите претставници преку тајно гласање, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото […]
Read more
Мицкоски: Свечената заклетва на Силјановска беше достоинствена, наше право како во јавноста ќе ја нарекуваме државата и ќе користиме Македонија и македонски, така не се прекршува Преспански
/Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање пред Самитот Македонија 2025, во врска со свечената заклетва на претседателката Силјановска Давкова истакна дека таа беше достоинствена и дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, наместо политички мускули. Не очекувам односите помеѓу двете држави да се темелат на политички мускули, очекуваме да имаме добри и […]
Read more
Продолжуваат средбите на работните групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ – ВРЕДИ
Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата беше истакнато дека потребно е да се задржат програмските определби кои добија поддршка од граѓаните. При таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, […]
Read more
Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник а продолжуваат и разговорите со идните потенцијални партнери како коалицијата Вреди
/При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има доволен број пратеници за формирање на влада истакна дека во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник но и продолжуваат разговорите со потенцијалните идни […]
Read more
Мицкоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сака да биде добар домаќин и да биде дел од плановите на македонската дијаспора за инвестиции во Македонија
/Почитувани, Добар ден и од мене, ми претставува посебна чест и задоволство што еве ја имам можноста да бидам дел од овој настан. Ценам дека ваквите настани само додаваат вредност за Македонија како држава и за граѓаните. Тоа што ќе го зборувам во тие минути кои што мене ми се отстапени ќе биде поврзано со […]
Read more
Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија
Негативната селекција и непрофесионализмот како на Клиниката за токсикологија, така и на ниво на целокупното јавно здравство во Македонија продолжуваат на штета на пациентите. Здравствените власти селектирано постапуваат по извештаи од надлежни институции,па така наместо да се разреши организациската директорка на Клиника за токсикологија за чија работа има низа забелешки, Демири го разрешува медицинскиот директор […]
Read more
Попов: Младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите, ќе ги решаваат младинските проблеми
„Како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително задоволен што успеавме заедно со сите млади луѓе најпрвин да ја победиме апатијата околу тоа дека воопшто не треба да се учествува во политика и дека политиката е нешто гнасно“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24ТВ. „И затоа младите […]
Read more
Мисајловски: На средбата со претставниците на Влен разговаравме дека економијата е најважна област каде што сите треба да се сплотиме, граѓаните очекуваат резултати од нас
„На изборите се случи народ. Граѓаните се одлучија за промени во Македонија. На овие избори победи народот. Еуфоријата се уште се чувствува, но ние како раководство, како партија веднаш почнавме со работа“, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. „Мора тоа да го направиме, пред нас се очекуваат […]
Read more
Димитриеска Кочоска: Приоритет на владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат општините со проектот 250 милиони евра годишно и ќе има правична распределба, нема да ги делиме на наши и ваши
Приоритет на владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат општините. Сите проекти кои владата во овој момент ги отпочнала, ние нема да стопираме проекти како нив, туку се што е добро ќе се реализира. Секаде каде има чиста состојба ќе продолжи, а каде има дискутабилност ќе има ревизија. Општините имаат подготвено проекти и тие ќе бидат финансирани […]
Read more
Мицкоски на средба со коалицијата „Твоја Македонија“, во разговори за формирање на идна влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на Коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано дека Коалицијата оствари успешен и историски резултат кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата. Претседателот Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за отпочнување на преговори за состав на идната влада. Според заклучокот […]
Read more
Мицкоски: Народот ја одржа најважната лекција кон власта и си ја спаси државата
Почитувани мои сопартијци, браќа и сестри, со кои минавме низ многу бури и искушенија, Почитувани новинари и медиумски работници со кои бевме заедно на сите настани, митинзи и протести. ПОЧИТУВАН НАРОДЕ НА МАКЕДОНИЈА, кој секогаш ќе ја имате мојата најдлабока почит, и пред чија храброст длабоко се поклонувам. УСПЕАВМЕ!! УСПЕАВМЕ!!! УСПЕАВМЕ!!!! МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ!!! ИСТОРИСКА ПОБЕДА […]
Read more
Муцунски: Време е за ново поглавје, елитите на власта се поразени од народот
Почитувани, Најпрвин сакам да му честитам на целиот македонски народ. Македонија ќе има нов претседател, цензусот е постигнат. Отворениот повик за бојкот од страна на ДУИ не успеа. Елитите на власта се поразени од народот. Но денешниот ден на површина ги извади сите игри на власта. И практично се обвистинува сценариото на кое предупредувавме дека ДУИ посакува […]
Read more