Несфатлива е опседнатоста на СДС со Србија, особено што за време на корона кризата првите вакцини Заев и Филипче ги добија лично од Вучиќ

Чудна е опседнатоста на СДС со земји од соседството, посебно со Србија. На нивните конструкции и измислени светови може да им позавидат и најдобрите филмски сценаристи од жанрот на научна фантастика. Нивниот измислен и таканаречен „српски свет“ постои само во главите на функционерите на СДС, кои го смислуваат за да останат на челните позиции во […]

Read more

Лефков: Власта на СДС, Заев и Филипче работела активно на носење мигранти во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните тоа го спречија

Почитувани, Власта на СДС, Заев и Филипче работела активно на носење мигранти во Македонија, за таа цел предвиделе изградба на мигрантски камп на само неколку километри од центарот на главниот град. Зоран Заев и Венко Филипче имале партиска и државна политика за населување на мигранти, и тоа истите оние мигранти кои прават големи проблеми во […]

Read more

Манасиевски: Оливер Спасовски не постапил согласно Закон кога било потребно, поради вакви системски грешки ни се случи трагедијата “Беса Транс”

Почитувани,  Оливер Спасовски не постапил кога бил должен да постапи и затоа Македонија се соочува со последици кои никогаш не смееле да се дозволат.  Оливер Спасовски не го одзел овластувањето на станицата за технички преглед во Сарај, иако имало официјален извештај со констатирани неправилности, тој не презел мерки во законскиот рок, туку реагирал дури три месеци […]

Read more

СДС се опозиција во Србија или во Македонија?

Почитувани граѓани, Навистина сме вчудоневидени , СДС живее во паралелен универзум, денес тоа и се потврдува. Генералниот секретар на СДС, денес на прес-конференција излезе и објаснуваше за тоа дека банка од Србија купила банка во Македонија. Повеќе од 10тина дена, СДС сака да продаде некаква приказна за српски свет во државата, но тешко им оди. […]

Read more

Јаревски: СДС има проблем, измислува дека ќе има мигранти

„Опозицијата има проблем да си дефинира и каде се наоѓа и каде се движи, што изјавува, какви тези застапува. Јавноста знае за што се залагаме, на кои принципи почиваме, какви биле нашите активности во изминатиот период и каков е нашиот став по однос на политиката за мигранти. Но од друга страна имате сериозен договор со […]

Read more

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра. Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со против правна имотна корист од 90 000 евра […]

Read more

Додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има, во владата на Заев тој активно работел за отворање камп во Бардовци

Во изминатиот период, сведоци сме на конструирање лаги, манипулации, скандали и вештачки теми, кои произлегуваат од СДС. За да го одвлече вниманието од сопствени проблеми, СДС на чело со Венко Филипче, се пушти на најјако во измислување лаги и манипулирање на јавноста. Тоа не е случајно и тоа сите го знаат. Наместо СДС да се […]

Read more

Милошоски: Измените на Законот за Судски совет се за квалитативно кадровско подобрување, односно подигање на квалитетот за тоа кој може да конкурира

Во денешната емисија „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека e започната процедурата за новиот закон за Судскиот совет. Според Милошоски  реформите во Судскиот совет се една од клучните теми за напредок во борбата за владеење на правото, посочувајќи дека се потребни измени во Законот […]

Read more

Милошоски: СДС нема проблем со мигрантите во Македонија бидејќи не постојат, има проблем со партиските мигранти кои им бегаат во други партии

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Интервју“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека Македонија и Велика Британија имаат потпишено договор за инвестиции, соработка и проекти, нагласувајќи дека Венко Филипче ја користи оваа тема за шпекулации со цел да се прикрие слабоста на политичката партија СДС. „Македонија и Британија […]

Read more

Манасиевски: Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај за 5,5 милиони денари, ЈО веднаш да постапи

Почитувани,  Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари. Спасовски спротивно на законските обврски, не донел решение за одземање на овластувањето на фирмата за технички преглед во Сарај, иако надлежната организациска единица доставила предлог за истото. Со ова, над […]

Read more

Навистина сме загрижени за здравјето на Венко Филипче човекот скроз забега, му посакуваме да оздрави побрзо и да престане да живее во паралелен универзум

ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижено за здравјето на Венко Филипче. По денешната прес-конференција, увидовме дека човекот живее во некој сопствен универзум, во кој само тој си верува.  Филипче денес на прес-конференцијата говореше за случај во соседна држава, со кој ние и како држава и како политичка партија немаме никаква поврзаност. Ова го докажува моментот дека господиниот […]

Read more

Лефков: (Документ) Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти

Почитувани, Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот криминал. Тој е социопатски случај на лажго и манипулатор, додека штетата од неговото работење ја плаќаат сите граѓани. Димната завеса за тоа се измислените теми, измислените напади и наводните скандали. Една таква тема е […]

Read more

ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“ и секој обид со сила да се загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници

ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“ и секој обид со сила да се загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници. Ваквите инциденти се неприфатливи и претставуваат закана за основните демократски вредности кои треба да се заштитуваат и промовираат. Слободата на медиумите, правото на информирање и независната новинарска работа се темелни принципи за […]

Read more

Станковиќ: Правдата мора да излезе на виделина, да се санкционираат  сите инволвирани во случајот со трагедијата во Пулс

Во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 гостуваше пратеникот од Коалицијата  предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ кој порача дека институциите мора целосно да го завршат судскиот процес поврзан со трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој ја потресе јавноста, нагласувајќи дека власта нема намера да прикрива било кого и очекува одговорност за сите сторители. „Веќе […]

Read more

Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите утре ќе бидат јавно објавени

Стефан Андоновски, во подкастот „Претрес кај Ландов“, соопшти дека лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука со која се предвидува изградба на камп – прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци. Андоновски истакна дека е апсурд и класична манипулација тоа што токму Филипче и СДС денес обвинуваат за наводни мигрантски […]

Read more

Томовски: Очекувам за скоро време да се определи локација и Скопје да добие Скопски саем

„Овие таблици коишто се во боја прво беа тестирани на „Сејв Сити“ да видиме дали ги читаат камерите, од кога утврдивме дека ги читаат од тогаш почнавме со изработка на истите. До сега има над 3.000 возила коишто ги промениле таблиците, и оние коишто не ги промениле кога ќе дојде моментот на повторна регистрација на […]

Read more

Томовски: Ќе ги тужам СДС за лагите кон мене, нивните обвинувањата за непотизам и корупција се целосно невистинити и тоа ќе се докаже

Во денешната емисија „Тема на денот“ на Сител телевизија гостуваше Ивица Томовски, директор на СОЗР, каде остро реагираше  за  обвинувањата од страна на СДС за непотизам и коруптивни тендери. Тој истакна дека ова не е прв пат да биде обвинуван за афери кои не држат вода, нагласувајќи дека веќе се преземени правни чекори. „Не е […]

Read more

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне 

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија ќе се отвораат мигрантски кампови. „Се работи за тотална лага којашто е изнесена од опозицијата, со наметнување на ваква тема којашто е апсолутно […]

Read more

Марковска: Левица го достигна врвот на лицемерието и стави печат НЕ за поддршка на жртвите на насилство

Драги мајки, жени, сестри, драги скопјани, Денес, на 4-та Седница на Советот на Град Скопје, советниците од политичката партија Левица НЕ гласаа за времено згрижување на жените жртви на родово базирано насилство и жртвите на семејно насилство, со право на времено користење на стан во сопственост на Град Скопје. Денес, Левица го достигна врвот на […]

Read more

Лицемерите од Левица гласаа против набавка на возила за собирање на смет, мерки за почист воздух и за плати во паркови и зеленило

Лицемерието на партијата Левица оди до таму, додека во јавност се борат само перцептивно за повисоки плати и собирање на смет, во Советот на градот Скопје не гласаа за набавка на нови возила за собирање на смет за јавното претпријатие Комунална Хигиена и за и плати во Паркови и зеленило. Лицемерите од Левица не гласаа […]

Read more

Од СДС не очекуваме ништо помалку од тоа да го брани криминалот и своите истакнати корумпирани политичари

/

Од СДС не очекуваме ништо помалку од тоа да го брани криминалот и своите истакнати корумпирани политичари. Впрочем, дали некој во земјава очекува нешто друго од партија која е заложник на Заев и Филипче? Борбата против корупција допрва почнува. Секој што се огрешил ќе одговара. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува МВР и обвинителството да работат по закон […]

Read more

Стојановски: Буџетот за 2026 година ни носи силен инфраструктурен циклус, подобри патишта, нова енергетска инфраструктура, модерни училишта, обновени болници

Овој Буџет не е само финансиска конструкција, туку стратегија, визија и јасна определба дека Македонија како држава може и мора да оди напред. Во време на глобални економски турбуленции, овој Буџет одржува фискална дисциплина, го намалува дефицитот и го држи јавниот долг во безбедни рамки, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, на денешната седница во […]

Read more

Манасиевски: Третиот стожер на Стратегијата Македонија 2030 е правна држава и институционална зрелост

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Развојот на државата е невозможен без силни и доверливи институции. Затоа, „Стратегија Македонија 2030“ поставува јасна обврска, а тоа е систем изграден од правила, стандарди и професионализам. Денес го презентираме третиот стожер – Правна држава и институционална зрелост. Нашиот план се заснова на три основи, а тие се независност, […]

Read more

Петкоска: 32 милиони и 260 илјади денари повеќе во Буџетот за 2026 година за промоција и поддршка на туризмот и културата

Буџетот е крвната слика на државата, стратешки документ во кој се насликани приоритетите на граѓаните. Сите знаеме дека закрепнувањето на економијата е најважната работа која влијае врз животниот стандард, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска на денешната собраниска седница на која се дискутира за Предлог-буџетот за 2026 година. За жал, посочи Петкоска, поминавме години кога […]

Read more