Мицкоски: На сите оние кои денеска го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ, им го честитам празникот со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје

Во мое лично име и во име на Владата на сите граѓани кои го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ според грегоријанскиот календар им го честитам празникот со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје. Овие празнични денови нека ги исполнат домовите со радост, љубов и Божји благослов. Нека раѓањето на Спасителот ни донесе […]

Read more

Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи, а со Филипче таму имаат и станови, антикорупцискиот тим на СДС да истражи од каде им се парите

Висококатницата во Дубаи на Зоран Заев, другар и бизнис партнер на Венко Филипче, веќе имаат и очевидци. Ако до сега постоеја само наводи и информации, сега има луѓе кои на лице место ја видоа нејзината изградба. Станува збор за човек познаник и поранешен соработник на Заев, Томе Аврамски, кој вели дека лично бил во Дубаи […]

Read more

Град Скопје започнува со Градска стратегија за безбеден сообраќај 

Градот Скопје започнува со активности за Градска стратегија за безбеден сообраќај! Во согласност со програмските определби во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, градот Скопје започнува со активности околу подготовка на Градска стратегија за безбеден сообраќај. Според кабинетот на градоначалникот на Скопје, градската стратегија за безбеден сообраќај ќе ги инкорпорира насоките од проектот ВИЗИЈА 0 на градоначалникот […]

Read more

Министерката Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС

СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации. Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат […]

Read more

Реакцијата на СДС преполна со навреди и квалификации е потврда на тоа дека Заев гради 42катница во Дубаи, а Венко му асистира

ВМРО-ДПМНЕ смета, исто како и народот, дека СДС е во тешка ситуација, а лицата кои ја управуваат, одобруваат и пишуваат соопштенија се со сериозни и длабоки психолошки предизвици за кои треба посветен и аналитичен пристап. Нивните реакции треба да се гледаат низ призма на длабока идентитетска и психолошка криза низ која поминуваат. Овој посттрауматски стрес синдром […]

Read more

Манасиевски: Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко и тоа лично за Зоран Заев, кој гради 40 катница во Дубаи

Почитувани, Зоран Заев, партнерот на Венко Филипче, гради 40катница во Дубаи, ова е сведоштво на човек кој тврди дека бил таму и го видел тоа. Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Зоран Заев, кажува лично сведоштво дека бил во Дубаи и ја посетил зградата која ја гради Зоран Заев. Но, исто така кажува и […]

Read more

Попов: Во ЕУ треба да влеземе успешни и со достоинство, а не преку национални обезличувања како што тоа го правеше СДС

„Евроинтегративниот процес на Македонија го гледам низ призма да излеземе ние подобри од целиот тој процес, а да не се обезличиме национално“, истакна Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Радио Лидер. Попов се осврна на предизвиците со кои се соочува Македонија на патот кон ЕУ, потенцирајќи дека државата заслужува како и […]

Read more

СДС го колабираше и опљачка енергетскиот сектор, за што Васко Ковачевски е со кривична пријава во бегство, а Филипче се возеше со поклонето Ауди од снабдувач на ЕСМ

Со кој кредибилитет СДС зборува за покачувањето на цената на електричната енергија? Тие можеби забораваат, ама народот добро памети колкави сметки за струја плаќаше во време на власт на СДС. Поради колапсот и неспособноста да менаџираат со електроенергетските капацитети, како криминалните тендери со кои се богатеа, за седум години власт, СДС ја поскапе струјата за […]

Read more

Василевска: Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии кои повеќе од 20 години се надминати

Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и во пропагандата на лажните машинерии кои одамна, повеќе од 20 години, веќе се надминати и како начин за артикулација во политичка битка, но и како модел со којшто би можело да се освојат гласови, да се собере група на луѓе која ќе ви верува, ќе се фати […]

Read more

Андреј Жерновски, симбол на неуспех и директен учесник во скандали и предавство на националните интереси, не е и не може да биде нов лик на СДС

СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа во СДС нема со самиот факт што претседател на партијата е Венко Филипче, а во раководството го има другар му Андреј Жерновски, симбол на неуспех, предавства и скандали. Жерновски, исто како и Филипче, не е […]

Read more

ЕСМ партиски плен на СДС и ДУИ, испрани 2 милиони евра од наместен тендер вреден 8 милиони од Дистрибуција на топлина, а на Талат ќерката во Надзорен на Снабдување со топлина

За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји на роднини и пријатели, а нивните буџети извор за лично богатење на поединци. Исклучок од ова не било ниту ЕСМ и претпријатијата дел од него. Едни од институциите во која видни партиски лица од СДС […]

Read more

Стојаноски: Со Кривичниот законик се проширува основата за инкриминација и се заострува затворската казна

Во Централниот дневник на Алсат телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Кривичниот законик ја проширува основата за инкриминација и ја зголемува казнената политика, дури и за дела сторени пред 2023 година. „Овој закон кој е поднесен од нас е преодно решение, бидејќи во февруари месец Уставниот суд  побара од […]

Read more

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ во преговорите со Бугарија ги штити македонската традиција и идентитет

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој дискутираше за внесувањето на Бугарите во Уставот со одложено дејство, и посочи дека државата ќе продолжи да се грижи за состојбите со Бугарија, но истовремено земајќи ги во предвид и потребите на државата. „Наша должност е покрај тоа […]

Read more

Петрушевски до Џафери: Непотизмот не се демантира со правни финеси, јавноста бара одговори, не деманти

Фактите не се навреда, туку реалност. Во мојата денешна прес-конференција не беше изнесена ниту една лага или невистина. Јавноста беше информирана за еден неспорен факт, дека ќерката на Талат Џафери била член на Надзорен одбор на државната компанија ЕСМ Снабдување со топлина, во време кога СДС и ДУИ ја третираа државата како партиски плен. Никој […]

Read more

Петрушевски: Непристрасен јавен обвинител, законски измени и финансиска поддршка се клучни за враќање на довербата во правосудството

Во денешната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека Јавното обвинителство не ја исполнило својата функција изминатиот период и дека довербата на граѓаните е на ниско ниво, воедно посочувајќи дека оставката на обвинителот Коцевски поднесена непосредно пред закажаната седница претставува избегнување јавна дебата […]

Read more

Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа

СДС тврдеше дека државата ќе има поскапување на струјата од цели 5%. Се потврди дека станува збор за уште една голема лага. Покачувањето е 2,28% и е најниско во Европа. Владата реши да ја субвенционира електричната енергија и со тоа директно да го заштити стандардот на граѓаните. СДС и Филипче треба да се извинат што […]

Read more

Манасиевски: Жерновски и Филипче се доказ дека во СДС нема нов почеток, туку кадри кои се симбол на неуспех, предавство и скандали

Почитувани, Кадри како Жерновски и Филипче се симбол на неуспех, предавства и скандали. Доказ за тоа дека во СДС нема нови лица, ниту пак некакви реформи е тоа што Андреј Жерновски е дел од раководството на Филипче. Прелетач од ЛДП во СДС на Заев, дојден за функција. Жерновски е неуспешен и скандалозен дипломат. Шеташе по […]

Read more

Петрушевски: ЕСМ било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор

Почитувани, ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор. Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот […]

Read more

Петрушевски: 2026 година ќе биде во знак на владеење на правото, правосудството ќе го водат професионалци

„Преку стотина кривични пријави имаат поднесено институциите надлежни за прогон, од коишто над 40 се за висока корупција и за високото профилирани личности. Ние дадовме шанса на овој јавен обвинител којшто е избран од СДС и ДУИ, ние имавме 16 месеци јавен обвинител којшто не беше избран од владеачкото мнозинство и му дадовме шанса да […]

Read more

Сајкоски:По години застој, автопатот Кичево – Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Патувајќи низ Македонија, гледаме дека Македонија стана едно огромно градилиште.Благодарение на Владата, благодарение на министерот за транспорт и врски, на директорот на Јавното претпријатие. Најпрво се откочија голем дел проекти коишто низ години беа закочени и коишто претставуваа огромен проблем за граѓаните. Денес сме тука на патот Кичево – Охрид, на автопатската делница каде што […]

Read more

Манасиевски: Новите лица на Филипче, се лошото минато на СДС и Заев

Почитувани, Филип Андов – Сокол поранешен советник на Зоран Заев и поранешен директор на затворот во Шутка, и Агрон Демири, коносител во 6та ИЕ на последните парламентарни избори, се новите лица на СДС и Филипче. Филип Андов, човек со кривична пријава и активен судски случај е дел од раководството на Филипче. Познат по тоа што […]

Read more

Петрушевски: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?

/

Почитувани, Кадрите на СДС и ДУИ во ЕСМ снабдување со топлина, фатени во криминал тежок неколку милиони евра. СДС и ДУИ се однесуваа кон институциите како да се нивна приватна фирма. Тендер вреден 8 милиони евра завршил во фирма договорена од Бујар Дардишта, кадар на ДУИ, а именуван од СДС. Откако го договориле тендерот, потоа […]

Read more

Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата, СДС лаже за да добие ситни политички поени

Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата. Лага е дека се стопирани средствата. СДС лаже за да добие ситни политички поени. Нивните лаги веќе не поминуваат ниту кај малите деца. Средствата од ИПАРД III Програмата не се суспендирани од страна на Комисијата. Повеќе пати е потенцирано дека од страна на Европската Комисија е […]

Read more

СДС и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот

СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција. Во 2023 година, преку организирана и добро осмислена шема во ЕСМ, во 2023 година биле испрани околу 2 милиони евра, преку наместен јавен тендер во вкупна вредност од 8 милиони […]

Read more