20.02.2023

Како шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на вносен бизнис и зошто директорката од ДУИ не пријавила луксузна хациенда

Очигледно криминогеноста е главна врска на СДС и ДУИ во владата. ДУИ и Груби наместо нервозно да реагираат треба на јавноста да и објаснат како тоа шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на фирма за баждарење на бензиски пумпи Метролаб и истата таа фирма 4 месеци од нејзиното формирање добила акредитација од Бирото за метрологија раководено од Мерита Мустафи, кадар на ДУИ? Како сопственикот на оваа фирма која влегува во вносен бизнис останал да работи уште извесно време како шалтерски работник во туристичката агенција на Груби? Дали Груби стои зад оваа опрација, а неговиот вработен е само параван?

Дополнително нешто кое што треба Груби и ДУИ да го одговорат е како истата таа директорка на Бирото за метрологија Мерита Мустафи се секнала со луксузна хациенда на Попова Шапка со големина од 150м2 и истата не ја пријавила во анкетен лист? Како со чиновничка плата некој во Македонија може да се стекне со таков луксуз и зошто притоа тој луксуз не го пријавила? Дали не е пријавен тој имот затоа што тешко може да се докаже како е стекнат?

Ги повикуваме надлежните институции да го проверат целиот овој октопод кој се врзува со Артан Груби. Ковачевски очигледно молчи и се плаши било што да прокоментира, бидејќи функцијата му е дадена под кирија. Одговорност за криминалите на оваа власт на ДУИ, поддржана од СДС мора да има.