Општините кои ги водат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ обезбедуваат пари за проекти, а тој од СДС од Крива Паланка тепа полицајци и не одговара.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат, а тие од СДС како тој во Берово можат да се пофалат дека Стефан Богоев купува земјиште за хотел на Беровско езеро и го монополизира истото.
Додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат резултати, СДС прави опструкции.
Опструирањето на издавањето на општински обврзници, како таа во Штип, е доказ дека владата не сака градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ да имаат проекти. Владата гледа дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за една година имаат направено повеќе од нивните претходници за четири, и затоа со сите сили опструираат се што можат, зошто разликата уште од сега е огромна и видлива.
Сите скопски општини управувани од ВМРО-ДПМНЕ добиваат нови зелени површини, нови градинки, реконструирани училишта, спортски терени, и инфраструктура.
Нема општина во државата управувана од ВМРО-ДПМНЕ во која нема значајна разлика. Некој проекти кои се оставени во 2017, СДС цел мандат не ги завршило, како што е примерот со стадионот во Битола.
Кај СДС дотолку е поголема паниката затоа што тие како централна власт потрошија 20 милијарди низ буџети, а ништо во државата не се гради, се тапка во место.
Наместо СДС да глуми коментатор, нека се фатат за работа. Автопатот Кичево – Охрид е на исто ниво како што е оставен, 6 години ништо не направија, очигледно е дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да го заврши, и него и многу други патни правци кои се започнаа во време на ВМРО-ДПМНЕ и 6 години се работат со брзина на полжав.