30.01.2023

Ковачевски за власт во Град Скопје е на ланец на Левица, заедно делат функции и власт

Ковачевски за власт во Град Скопје е на ланец на Левица, заедно делат функции и власт.

Коалицијата на Ковачевски со Левица, чиј заложник е веќе, е коалиција за бизнис зделки и тендери.

За да може да управува со Градот и претпријатијата каде има директори, Ковачевски е во коалиција со Левица.

Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица.

Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.

Заменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица.

Оваа коалиција на СДС и Левица е факт во голем број други општини низ Македонија. Интересот и функциите се тие што ги сврзуваат СДС и Левица.

Бледи се обидите на СДС да се оддалечи од Левица, кога заедно делат власт.